Впечатливите аурори на Јупитер се стотици пати посветли од оние на Земјата, откриваат нови слики од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“. На најголемата планета во Сончевиот Систем се гледа импресивен светлосен феномен како „танцува“ кога честички со висока енергија од вселената се судираат со атоми на гас во близина на магнетните полови на планетата.
Аурорите на северната и јужната светлина на Јупитер и Земјата (aurora borealis и aurora australis) се движат со истиот механизам - честички со висока енергија што Сонцето ги исфрла за време на сончевите бури. Но, аурорите на Јупитер се уште поинтензивни бидејќи силното магнетно поле на планетата ги заробува честичките исфрлени во вселената од џиновските вулкани на нејзината месечина Ио.
Телескопот претходно го снимил сјајот на аурорите на Нептун со највисока резолуција досега, децении откако тие беа првпат откриени за време на прелетот на „Војаџер 2“.
Телескопот го снимил феноменот на аурора користејќи специјална камера за близок инфрацрвен спектар. Набљудувањето на Јупитер било спроведено на 25 декември 2023 година, а го водел тим на научници предводен од Џонатан Николс од Универзитетот во Лестер, Обединетото Кралство. Резултатите од истражувањето беа објавени вчера во научното списание „Комуникации во природата“.
Извор: index.hr
Фото: YouTube screenshot