Режисерот Џозеф Косински во едно интервју открива детали за предизвиците при снимањето на филмот „Ф1“, во кој главната улога ја толкува Бред Пит.
Косински објаснува кој дел од процесот бил најопасен и најстресен за целата екипа. Филмот се снимал неколку години, а автентичноста била постигната со многу кадри од вистински трки од „Формула 1“, снимани рамо до рамо со професионални возачи.
„Најопасното нешто што го направивме“
- Најстрашниот дел беше дефинитивно Лас Вегас. Таа трка... Ноќ е, студено е, гумите слабо се прилепуваа на патеката, а Бред воопшто немаше можност да вежба на таа патека пред снимањето затоа што таа постои само три дена годишно. Доколку направеше само една грешка, ќе завршеше во ѕид. Тоа беше најопасната работа што ја направивме. Но Пит одлично се снајде, иако неговиот лик на крајот доживува судир во филмот. На денот на снимањето беше извонреден - објаснува Косински.
Тој ги пофали и другите актери, нагласувајќи го нивниот талент за возење.
- За среќа, Бред и Дамсон Идрис имаат природен талент, па имавме со што да работиме. Беа навистина добри возачи, и тоа јасно се гледа во филмот - вели режисерот.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube