X
 16.12.2020 Живот

dm дрогерие маркт продолжува со хуманитарната дејност: Донирани 750 пакети со храна за социјално загрозени сограѓани!

„Купувајте во dm и направете добро дело“ – вака гласеше слоганот на иницијативата „Giving Friday“ со која дрогериите на dm на 27 ноември донираа 5% од својот дневен промет во хуманитарни цели. А, токму тоа добро дело денес беше остварено.

Со поддршка на своите купувачи, на 27 ноември 2020 година беа собрани 233.700 мкд за храна и оброци за социјално загрозени сограѓани. А, денес почна поделбата на оваа донација: 750 пакети со храна беа доставени во организацијата „Ајде Македонија“, кои преку хуманитарните организации „Свети Спас“ , „АДРА Македонија“ и „Вистински дела на љубезност – Real acts of kindness“ , ќе завршат во рацете на нашите социјално загрозени сограѓани.



Од dm дрогерие маркт изразија голема благодарност до сите свои купувачи и вработени, кои несебично го дадоа својот придонес кон оваа иницијатива. Со оваа акција уште еднаш на дело беше докажана општествената одговорност на компанијата, како и нејзините заложби за подобра иднина за сите нас.



„ Новогодишните и божиќните празници се период на дарување, а нашите подароци оваа година решивме да ги однесеме онаму каде што е најпотребно. Особено нѐ радува фактот што во овие претпразнични денови успеавме, со ваков скромен гест, барем за момент да им ја вратиме насмевката на лицата на нашите сограѓани“ – изјавија од компанијата.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот