X
 16.12.2020 Култура

Македонија со копродукцискиот филм „Улиште“ на „Санденс“

Долгометражниот игран филм „Улиште“, по сценарио и во режија на Блерта Башоли, копродукција меѓу Косово, Швајцарија, Македонија и Албанија, со уште девет филмa од целиот свет, е селектиран во Главната интернационална натпреварувачка програма на 38. Филмски фестивал „Санденс“ (Парк Сити, Јута, САД). Овој фестивал, основан од реномираниот актер Роберт Редфорд и во организација на институтот „Санденс“, е најголемиот фестивал на независен филм во светски рамки.

По краткометражниот игран филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски, кој ја доби наградата за најдобар интернационален краток игран филм во 2017 година, ова е втор филм со кој „Црна мачка продукција“ се претставува на филмскиот фестивал „Санденс“.



„Улиште“ се базира на вистинска приказна, претставувајќи го ликот на жената Фахрије, чиј сопруг исчезнува во војната во Косово. Додека трага по него, одлучува да започне мал земјоделски бизнис со цел да обезбеди егзистенција за своето семејство...
Главната улога ја толкува Јилка Гаши, а меѓу актерите што играат во филмот се: Чун Лајчи, Кумрије Хоџа, Аурита Агуши, Адријана Матоши, Астри Кабаши, и од Македонија - Адем Карага, Зарије Јонузи Челику и Шќелќим Ислами.
Блерта Башоли е млада режисерка родена во Косово. Дипломирала на Универзитетот во Њујорк, на отсекот за Филм и ТВ. Има режирано неколку кратки филмови за кои е и наградувана, а „Улиште“ е нејзиното дебитантско долгометражно остварување.

Кинематографер е Алекс Блум, монтажата е на Едис Сарачи и Феликс Сандри, сценограф е Влатко Чачоровски, костимографијата е на Хана Зеќа и Фјорела Мирдита, а шминката е на Фиона Абдулаху. Продуценти на филмот се Јил Ука, Валон Бајгора, Агон Ука, а копродуценти Брита Ринделауб, Кристијан Буровски, Томи Салковски, Паскал Семини.
Подготвил: Весна Дамческа

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура