Хоророт „Злокобен“ (англ. „Sinister“) од 2012 година е прогласен за најстрашен филм на сите времиња според резултатите од проектот „Наука за стравот“, кој ги мери физиолошките реакции на гледачите за време на гледањето хорор-филмови.
Филмот на режисерот Скот Дериксон четврта година по ред го зазема првото место, со оцена на стравот од 96 од можни 100 бода.
Проектот „Наука за стравот“ од 2020 година истражува како влијаат хорор-филмовите врз организмот. Учесниците за време на гледањето носат уреди што ги следат пулсот и варијабилноста на срцевиот ритам, односно промените во временските интервали меѓу последователните отчукувања на срцето.
Од 2023 година истражувачите ја користат таканаречената „оцена на стравот“, која ги комбинира просечниот пулс, највисокиот забележан пулс и варијабилноста на срцевиот ритам. Поголемиот пад на варијабилноста на срцевиот ритам во овој експеримент се толкува како показател за поинтензивен одговор на стрес.
Филмовите се избираат врз основа на препораки од критичари, експерти, интернет-заедници и гледачи, а резултатите се изразуваат на скала од 0 до 100.
Кои други филмови се меѓу најстрашните?
Во седмото издание на истражувањето се рангирани 20. најстрашни хорори-филмови снимени од 2005 година, додека проширената листа опфаќа 50 наслови, вклучувајќи ги и класиците како „Тексашки масакр со моторна пила“ (англ. „The Texas Chain Saw Massacre“), „Ноќ на вештерките“ (англ. „Halloween“) и „Кошмар на Улицата на брестовите“ (англ. „A Nightmare on Elm Street“).
„Злокобен“ го зазеде првото место и во првото истражување во 2020 година, додека следната година за кратко го престигна „Домаќин“.
Меѓу десетте најстрашни се најдоа и „Подмолно“ од 2010 година на четвртото место, „Повикување на злото“ од 2013 година на петтото, „Насмевка 2“ на седмото и „Насмевка“ од 2022 година на осмото место. Нивните оцени на стравот се движат меѓу 75 и 90.
Од 15. нови филмови што беа вклучени во овогодишното истражување, пет се пласираа меѓу првите 50, вклучувајќи ги „Опсесија“ на 35., „Подмолно: Од онаа страна“ на 41. и „Бекрумс“ на 47. место.
Најголем скок на пулсот и најстрашен нов филм
Филмот „Притаено зло“ на режисерот Зак Крегер предизвика најголема ненадејна реакција на страв во историјата на експериментот, покачувајќи го пулсот на гледачите на 134 отчукувања во минута.
Резултатите покажуваат дека различни хорори можат да предизвикаат различни физиолошки реакции: додека некои нагло ја забрзуваат работата на срцето, други создаваат подолготрајно чувство на интензивност и непријатност.
Извор:
Huffpost.com
Фото: Screenshot/YouTube