„Њујорк тајмс“ објави листа со 100. најдобри серии на 21 век, составена врз основа на гласовите на повеќе од 500 истакнати актери, сценаристи, режисери и експерти од телевизиската индустрија. Првото место го зазеде серијата „Да станеш лош“ (англ. „Breaking Bad“).
Телевизиската уметност во целост ја дефинира популарната култура на 21 век. Со доаѓањето на ерата на „златното време на телевизијата“, процутот на стриминг-платформата и масовниот премин на филмските ѕвезди и врвните режисери на малите екрани, телевизијата доживеа вистинска трансформација.
За да го одбележи тој период, „Њујорк тајмс“ спроведе обемна анкета и објави листа од 100 најдобри телевизиски серии објавени од 1 јануари 2000 година. Во изборот учествуваа повеќе од 500 влијателни луѓе од телевизиската индустрија, вклучувајќи ги и холивудските ѕвезди како Елизабет Мос, Адам Скот, Брајан Кранстон, Роуз Брн, Колман Доминго и Џејсон Бејтмен, како и познати автори како Дејмон Линделоф, Лина Дaнам, Лина Вејт и Ноа Холи.
Секој од нив предложи свои 10 фаворити. Важно е да се напомене дека сериите како култната „Сопранови“ не беа во конкуренција бидејќи премиерно се прикажуваа пред 2000 година (1999).
На самиот врв на оваа престижна листа се најде култната драмска серија „Да станеш лош“ (англ. „Breaking Bad“, 2008-2013), приказна за професорот по хемија Волтер Вајт кој влегува во светот на производство и продажба на дрога.
Веднаш зад неа, на високото второ и трето место се пласираа драмите на „Ејч-би-о“, „Жица“ (англ. The Wire, 2002-2008) и „Момците од Медисон“ (англ. Mad Men, 2007-2015).
Топ-10 најдобри серии на 21 век според „Њујорк тајмс“:
1. „Да станеш лош“ (англ. „Breaking Bad“, 2008–2013)
2. „Наркомрежа“ (англ. „The Wire“, 2002–2008)
3. „Момците од Медисон“ (англ. „Mad Men“, 2007-2015).
4. „Наследници“ (англ. „Succession“, 2018–2023)
5. „Флибег“ (англ. „Fleabag“, 2016–2019)
6. „Игра на тронови“ (англ. „Game of Thrones“, 2011–2019)
7. „Потпретседателка“ (англ. „Veeр“, 2012–2019)
8. „30 рок“ (англ, „30 Rock“, 2006–2013)
9. „Лери Дејвид“ (англ. „Curb Your Enthusiasm“, 2000–2024)
10. „Атланта“ (англ. „Atlanta“, 2016–2022)
Меѓу првите 20 серии се најдоа и други омилени наслови како американската верзија на хумористичната серија „Канцеларија“ (11. место), британската серија „Девојки“ (13. место) и историската драма „Круната“ (20. место).
На листата се најдоа и серии што станаа глобални хитови, како „Бирмингемска банда“ (англ. „Peaky Blinders“, 43. место), „Почудни нешта“ (Stranger Things, 53. место), „Игра со лигни“ (англ. „Squid Game“, 72. место), „Д-р Хаус“ (англ. „House“, 95, место) и „Девојките Гилмор“ (англ. „Gilmore Girls“, 99 место).
Целосниот список од 100 серии е мешавина од комедии, тешки драми и документарни формати што ги одбележаа изминатите две децении на малите екрани.
Извор:
Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube