X
 16.12.2022 Живот

За насилство, порано учениците биле испраќани во поправен дом - учител пронашол тетратка со наредби од 1952

Додека денес општеството се соочува со насилство во училиштата и бара решенија, добро би било да се потсетиме како се решавал овој проблем во минатото. Многу луѓе денес велат „во мое време немаше шанси да биде вака“, а како училиштата навистина се справувале со насилниците, невоспитаните, безобразните деца и нивното несоодветно однесување, можете да откриете од тетратката со наредби на основното училиште во Глушци, село во Србија, која датира од 1952 и 1953 година, сочувана од Дејан Перишиќ, наставник во ова училиште.

Имено, директорот пишувал наредби за важни настани во училиштето и селото, кои се читале на секој час и биле задолжителни и за учениците и за просветните работници.

- Во иднина, доколу споменатиот ученик направи макар и еден мал испад, училишната служба ќе бара именуваното лице да биде испратено во воспитно-поправен дом - пишува директорот во соопштението.

На час по биологија ученик замавнал со ногата кон наставникот кога тој го свртел грбот и покажал гест како да го удира. Ваквиот гест директорот на училиштето го сметал за дрзок, па ученикот добил укор од Наставничкиот совет.

Во училиштата тогаш строго се санкционирале грубите изрази кон наставниците и другите ученици, па дури и кога ученикот правел гримаси зад грбот на некој наставник во обид да го потцени она што го презентирал.

Учениците биле казнувани поради недисциплина, непристојно однесување, поради зборување на час или неодговарање на прашањата на наставникот, при дрско смеење или при напуштање на часот по своја волја.

- Подобро е времето потрошено на овие и други глупости да се искористи за учење - порачува директорот во соопштението.

Во училиштата казните се одредувале според Законот за училишта, кој ги обврзувал учениците да ги почитуваат правилата и кога не се во училишните простории. Тоа значело дека не смееле да се тепаат или да се однесуваат насилно на улица, не смееле да одат на настани кои не биле соодветни за нив, а камоли во кафеани.

- Оние ученици што ќе бидат фатени како се шетаат и трчаат по улица по 20 часот, а во декември по 19 часот, ќе бидат најстрого казнети - порачува директорот, во согласност со Законот за училиште.

Дали примената на методите за решавање проблеми како што се правело пред седум децении би помогнала денес?

Извор: Telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот