X
 30.08.2019 Живот

НАСА бара помош од американските ученици: Да го именуваат следниот ровер за мисијата на Марс

Пред неколку месеци НАСА најави дека новиот ровер што планира да го испрати на Марс ќе може да го крстат учениците од САД, а според официјалната веб-страница на НАСА, натпреварот официјално почнал.

Учениците од САД од 2 септември до 1 ноември ќе можат да достават есеј во кој ќе објаснат зошто на роверот треба да му се даде името што го смислиле. Победникот ќе го именува роверот и ќе биде поканет на лансирањето на вселенското летало во јули 2020 година.

Натпреварот наречен „Именувај го роверот“ е дел од напорите на НАСА да ги вклучи студентите во СТЕМ (кратенка од областите: Science, Technology, Engineering и Mathematics).

nasa
Фото: NASA

- Овој натпревар е одлична можност за младите на нашата генерација да се вклучат во мисиите на НАСА на Месечината и на Марс - изјави администраторот на НАСА, Џим Брајденстајн.

За да учествуваат во натпреварот, учениците ќе мора до 1 ноември да достават име на роверот и краток есеј (не повеќе од 150 збора), во кој ќе објаснат зошто нивното име треба да биде избрано. Есеите ќе бидат поделени во три групи, по ниво на одделение - К-4, 5-8 и 9-12 и ќе се оценуваат според соодветноста, значењето и оригиналноста на предложеното име и оригиналноста и квалитетот на нивниот есеј и/или презентацијата за време на финалното интервју.

НАСА ќе избере 52 финалисти по група, секој претставувајќи ја државата или територија на САД. Потоа ќе бидат избрани три финалисти од секоја група.

Како дел од финалниот процес, јавноста ќе има можност да гласа преку интернет за финалистите во јануари 2020 година. НАСА планира да го објави избраното име на 18 февруари 2020 година - точно една година пред роверот да слета на површината на Марс.

НАСА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот