Класифициран е нов човечки орган во дигестивниот тракт, наречен мезентериум. Иако знаеме се' за неговата структура, неговата функција останува непозната.
![орган](/images/news/2017/01/20170104-fascinantno-otkritie-imenuvan-nov-chovechki-organ-m.jpg)
Долго време се верувало дека мезентериумот претставува комплексна структура со делови, кои овозможуваат нервите и крвните садови да дојдат до црвените клетки и да го држат системот „на место“. Меѓутоа, неодамнешните истражувања покажуваат дека станува збор за еден, континуиран орган.
Благодарение на новите истражувања, медицинските учебници ќе претрпат промена, а
мезентериумот конечно ќе добие статус на орган.
Ова откритие ќе го промени целото разбирање за структурата на човечкото тело, а со именувањето на органот, целата област на медицината ќе доживее промена која на докторите ќе им помогне подобро да го сфатат човечкото тело и да лекуваат одредени болести.
Докторите и студентите по медицина имаат голема задача: да ја пронајдат функцијата на новиот орган и да откријат каква улога има кога станува збор за болестите поврзани со абдоменот.