X
 05.01.2017 Живот

Онаму каде што нема туристи: 600 километри пешки по Камчатка

Новинарката Татјана Морина била на одмор на полуостровот Камчатка во 2016 година во рамките на проектот за понуда на помош на природниот парк Бистрински. Три месеци таа поминала како волонтер и за тоа време имала задача да изготви мапа за туристички патеки за идните посетители на паркот.

Бистрински паркот е најголемиот и најмалку посетен природен парк во Камчатка. Во научните кругови е познат по сопствениците и одгледувачи на ирваси кои живеат и работат во центарот на Камчатка. Тука нема активни вулкани и огромни реки каде што се мрестат лососи, но има и такви места, какви не можат да се најдат на други места во Русија и во светот.

Камчатка

Во срцето на полуостровот

Почнавме да работиме во центарот „ЕСО“. Првата задача беше да се најде патека до езерото Бљудце. Пет дена, ние постојано се искачувавме по планинските стени, каде дуваше силен ветер, каде не може да се помине низ густите борови, поради големиот број на стрмнини и провалии. Се движевме по патеките на мечките, па средбите со нив беа неизбежни.

Козиревски планини, како и сите планински гребени на Камчатка, буквално се раселени од земјата како резултат на активноста на вулканите. Тие не се многу високи, во просек од 1.500 до 2.000 метри надморска височина, но теренот околу нив е значително низок. Од врвот ви се чини дека се гледа цела Камчатка од запад до исток и групата на вулкани во близина на брегот на Тихиот Океан и Централниот планински венец во близина на Охотско Море и вулканот Ануан, кој географски гледано е во самиот центар на полуостровот.

езеро

По инвазијата на Бљудце нашата група беше префрлена во југозападниот дел на паркот, каде што како база ни служеше шумарската куќа. Таму поминавме два месеци во речиси непрекинат поход. Се враќавме во базата на неколку дена и повторно одевме во поход. Формиравме кружен пат околу вулканот Ичински, обележавме патека спрема езерото Кетачан и откривме нова атракција, минијатурно тиркизно езеро во античкиот скаменет проток на лава. Од средствата за врски имавме само „GPS тракер“, од храна само палента и месен нарезак, од географија стара советска воена карта, а од средствата за заштита од мечки, труба и еден ракетен сигнален пиштол. 

мечки

Шумарското домаќинство Kетачан оддалечено е 120 километри од најблиското село, а само 16 километри од наоѓалиштата за злато на реката која се вика Ага. Ова е област на мочуришта, џиновски дрва и планински тундри, која изобилува со одредени видови на шумски плодови и печурки. Еден од нашите најголеми впечатоци беше искачување до езерото во подножјето на неактивниот Ичински вулкан, од каде се качувавме на страничниот вулкан Северен Черпук. На работ на неговиот кратер се гледа во црвено-зелена тундра без вода, што пред 300 години престанала да тече од силниот порив на лавата.

Во еден поход најдовме поток полн вулканско стакло од црн опсидијан. Фаќавме лососи кои скокаа од водата и веднаш подготвивме празнична вечера. За малку не изгубивме неколку членови од екипата по преминот на брзата планинска река, а подоцна одвај ја избркавме од шаторот, љубопитната мечка. Во последниот поход се сретнавме со одгледувачите на ирваси и одморивме со нив со чај и интересен разговор.

Како да се организира одмор во дивината на брегот на Тихиот Океан?

По Кетачан бевме упатени до паркот во близина на Кључевски вулкан да помагаме на инспекторот во распоредување на туристичките групи. Убавото време овде е реткост и затоа повеќето туристи успеваат да видат само еден дел од кратерот Плоски Толбачик, каде што имаше ерупција пред три години, и да се прошетат во маглата по маркираната патека над свежите полиња на лава. Ние имавме повеќе среќа. Успеавме да имаме убав ден, да се искачиме на врвот и поблиску до пештерите на лава и местата каде излегува жешка лава, при што можевме да ја видиме ерупцијата на вулканот Кључевско и да се вратиме до база преку усвитената згура. Само тогаш можевме да станеме целосно свесни дека деталните мапи и слободното движење е голема привилегија за волонтерите на Камчатка.

лава

Неколку дена пред враќањето раководството ми даде шанса да се движам по паркот. Така се приклучив на сопатниците од Белорусија, зоолози по професија и со автостоп стигнавме до населбата Уст Камчатск. Тоа е исто така место кое туристите ретко го посетуваат. Населбата се наоѓа во близина на Шивелуч, еден од најактивните вулкани на Камчатка. Се движевме по брегот на океанот спрема врвот на Камчатка, каде се спојуваат Тихиот Океан и Беринговото Море. Три дена во ловечката куќа на брегот на океанот, бевме опкружени со сибирски фоки, морски лавови, ракови и неизбежно мечки. Тоа беше навистина ефикасен крај на мојата авантура во Камчатка.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот