X
 02.02.2017 Наука

Што ни кажува Земјиното јадро за патувањето низ времето?

Патувањето во иднината е теоретски возможно. Тоа е познато уште од периодот кога Ајнштајн ја развил теоријата за релативност. Времето може да биде проширено во зависност од тоа колку блиску до брзината на светлината објектот патува, или во зависност од неговата локација во однос на масивен објект.


Тим на физичари сакале да дознаат дали диференцијалното време постои помеѓу површината на Земјата и центарот на Земјата, како резултат на временска дилатација како проверка на факти. Познатиот Ричард Фејман во своите предавања вели дека временската диференцијација помеѓу центарот и површината на Земјата е околу 100 дена. Но, со новите сознанија на научниците, Фејмановите калкулации отпаѓаат.

Според физичарите, во центарот на Земјата времето е побавно отколку на површината за околу 0.0000000003 секунди. Тоа можеби не изгледа како голема разлика, но ако се земе предвид верувањето дека Земјата се формирала пред 4.5 билиони години, тогаш и не е мала разлика. Математички излегува дека разликата е речиси 1.5 години. Ако потоа се земе варијацијата на густината помеѓу центарот и површината, тогаш крајниот резултат е околу 2.5 години.

Чудно е да верува дека нешто што е формирано во исто време има две различни возрасти. Ова откритие не важи само за Земјата туку и за други масивни објекти. Колку што е помасивен објектот толку е поголема разликата. Можеби во иднина овие откритија ќе се користат за да се патува низ времето.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука