X
 20.10.2017 Наука

Научници открија нов облик на материја: временски кристали


Кристална форма
(Фото: Pixabay)


Со месеци се шпекулираше дека конечно научниците создале временски кристали – необични кристали кои имаат анатомска структура која се повторува не само во вселената туку и во времето ако се постават во постојано движење без енергија.

Сега и официјално истражувачите известија во детали како се создаваат и се мерат овие бизарни кристали.

Два независни тима на научници тврдат дека во лабораториите создале временски кристали, втемелени на овој нацрт, и потврдиле постоење на сосема нов облик на материја, пренесува Life coach code.

„Ова е нова фаза на материјата, на периодот, но истовремено е многу кул затоа што е еден од првите примери на неурамнотежена материја“, рече главниот истражувач Норман Јао од Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија.

„Последните педесетина години ги истражувавме урамнотежените материјали, како металите и изолаторите. Дури сега почнуваме со истражување на едно целосно ново подрачје на неурамнотежена материја.“

Ова откритие е толку големо, што би можело да звучи како научна фантастика.

Какви се временските кристали, би можеле да разбереме на следниот начин:

Размислете за нормалните кристали. Имаат атомска структура која се повторува во просторот; токму како и јаглеродните решетки на дијамантот. Но тие се неподвижни затоа што се во рамнотежа во нивната основна состојба.

Обично кога материјалот е во состојба позната како енергија на нултата точка на системот, движењето би требало теоретски да биде невозможно, затоа што би требало да се потроши енергија.

Но временските кристали имаат структура која се повторува во времето, а не само во просторот. И продолжува да осцилира во својата основна ситуација.

Нивната материја и структура се создадени од временска јамка која се повторува. Се чини дека временскиот кристал се движи без енергија, но всушност тој ја создава. За да можете да го сфатите ова, треба да размислувате четиридимензионално.

Замислете дека е како желе: кога ќе го допрете, тој се движи. Истото се случува во временските кристали, но големата разлика е во тоа што движењето се случува без никаква енергија.

Временскиот кристал наликува на желе кое константно осцилира на најниско ниво на енергија, и тоа е она што го прави нов вид материја – неурамнотежена материја. Не може да мирува.

Јао и неговиот тим добиле детален нацрт кој точно опишува како да се направат и да се мерат својствата на временскиот кристал, па дури и да предвидат кои ќе бидат различните фази што ги опкружуваат временските кристали – што значи дека мапирале еквивалент на крути, течни и гасовити фази на новиот облик на материја.

„Нели би било супер да поместувате желе и да утврдите дека реагира како да е во друг временски период?“, истакна Јао.

„Но тоа е суштината на временскиот кристал. Имате периодична управувачка програма со период Т, но системот некако се синхронизира, така што перципираме дека системот осцилира со период што е поголем од Т“.

Под влијание на различните магнетни полиња и ласерското пулсирање, временскиот кристал би можел да ја промени фазата, токму како што се растопува коцка мраз.

Нацртот на Јао е објавен во Psychical Review Letters, а можете да го видите документот од „Харвард“ за временските кристали, како и документот од Универзитетот „Мериленд“ – тука.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука