X
 26.02.2017 Живот

Словенија дозволува истополови бракови

Словенија дозволи склопување на истополов браков за прв пат во петокот, со стапување на сила на законот кој им дава право на хомосексуалните парови да ги имаат истите права како хетеросексуалците, но уште не е дозволено тие да посвојуваат деца, објавува „Reuters“.


Активистите од ЛГБТ сметаат дека ова е голем чекор напред, но дека треба и понатаму да се продолжи со борбата за копмлетна еднаквост во правата на хомосексуалците и хетеросексуалците.

Пред десет месеци беше одржан референдум, на кој помина законот за склопување на истополови бракови, но одбиен беше нацрт законот за дозволување посвојување деца на ваквите парови.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот