X
 27.02.2017 Живот

Мудра лекција: „Најсреќните луѓе го извлекуваат најдоброто од сѐ“

кафе

Група на поранешни студенти, сега веќе успешни бизнисмени, се собрале и посетиле еден стар професор од факултет. Разговорот за брзо време премина во жалење за умор, исцрпеност, стрес на работа, во семејството и на секој животен чекор.

Професорот ги слушал со внимание и сочувство.

„Ми се чини дека ви е потребна шолја добро кафе“, рекол тој и се повлекол во кујната.

Се вратил со голем сад во кој имало кафе и цел асортиман шолји. Секоја била различна. Имало порцелански, пластични, стаклени, хартиени, керамички... Некои изгледале скапоцено, како да излегле од замокот на последниот кинески цар, други изгледале сосема обично, трети биле потскршени...

„Послужете се“.

Кога поранешните студенти имале шолја во раката, професорот забележал:

„Веднаш ги зедовте убавите и скапоцени шолји. На масата недопрени останаа едноставните и евтини чаши. За себе го сакате само најдоброто, што е воедно и извор на стрес. А сепак, наизглед шолјата не придонесува за вкусот. Поубавите шолји се само поскапи, а понекогаш го замаглуваат она што го пиеме. На сите вас, всушност ви беше потребно добро кафе, но не и чаши. Сепак, вие посегнавте кон најдоброто. А потоа продолживте да ги гледате шолјите на другите.

Кога ќе се најдете во виорот на стрес и анскиозност, сетете се дека кафето е како животот. А работата, парите и положбата во општеството, како шолјата. Шолјата не го дефинира ниту менува квалитетот на животот кој го живееме. Понекогаш, концентрирајќи се само на шолјата, го пропуштаме уживањето во кафето.

Пијте го кафето, а не шолјата.

Најсреќните луѓе немаат сè најдобро, тие го извлекуваат најдоброто од сè. Живеат едноставно, зборуваат љубезно, сакаат великодушно...“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот