X
 15.03.2017 Образование

Ова се најдобрите студенти на УКИМ, седуммина се со просек 10

Седум студенти од Универзитетот Св. Кирил и Методиј дипломираа со просечна средна оценка 10 и се прогласени за најдобри. УКИМ вчера им додели награди и пофалници и на останатите 14 студенти кои оствариле висок просек кој се движи од 9.92 до 9.38. Во рамките на свеченоста беа доделени и наградите „26 јули” на најдобрите студенти во учебната 2015/2016 година од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите, како и од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“.


Фото: МИА

Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, истакна дека покрај нивниот одличен успех, им се оддава признане и благодарност на најдобрите студенти за нивниот голем интерактивен придонес во развојот на унапредувањето на дејностите на УКИМ.

– Нашите најдобри студенти со нивните успеси постигнати во текот на студиите учествуваат во дефинирањето на насоките на континуираното подигнување на квалитетот на студирањето на УКИМ како најстар, најдобар и најголем Универзитет во земјава - рече Јанкуловски.

Ова е листата со најдобрите студнети на УКИМ кои дипломирале во учебната 2014/2015 година:

Ирена Велевска, дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, на студиската програма - филозофија, со средна оценка 10,00.

Маја Вељанова, дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, на студиската програма- правни студии, со средна оценка 10,00.

Мери Жаја, дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, на студиската програма- преработка на земјоделски производи, со средна оценка 10,00.

Сања Таневска, дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, на студиската програма – македонска книжевност, со средна оценка 10,00.

Филип Стојановски, дипломирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, на студиската прогарама - информатика и компјутерско инженерство, со средна оценка 10,00.

Харис Бабачиќ, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, на студиската програма - општа медицина, со средна оценка 10,00.

Горјан Анастасов, дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, на студиската програма - финансиски менаџмент, со средна оценка 10,00.

Иван Василески, дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на студиската програма – компјутерско системско инженерство и автоматика, со средна оценка 9,92.

Марија Кичевска, дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на студиската програма - балетска педагогија – класичен балет, со средна оценка 9,92.

Христина Маневска, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на студиската програма - сликарство-конзервација и реставрација, со средна оценка 9,92.

Мартина Бошковска, дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, на студиската програма - конфекциско инженерство, со средна оценка 9,90.

Арти Ќормемети, дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје, на студиската програма – автоматика и флуидно инженерство, со средна оценка 9,85.

Јорданка Чанева, дипломирала на Градежниот факултет во Скопје, на студиската програма – градежништво, конструктивна насока, со средна оценка 9,84.

Ангела Наумоска, дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на студиската програма – драмски актери, со средна оценка 9,78.

Емилија Ѓоргиева, дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на студиската програма – применета хемија, со средна оценка 9,78.

Душица Велкова, дипломирала на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје, на студиската програма - одделенска настава, со средна оценка 9,77.

Катерина Тноковска, дипломирала на Фармацевтскиот факултет во Скопје, на студиската програма - магистер по фармација, со средна оценка 9,75.

Ивана Николоска, дипломирала на Шумарскиот факултет во Скопје, на студиската програма – озеленување и унапредување на животната средина, со средна оценка 9,64.

Лилјана Димевска, дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје, на студиската програма – интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура, со средна оценка 9,50.

Петар Кожуваровски, дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје, на студиската програма – стручен забен техничар, со средна оценка 9,50.

Кристина Пандиловска, дипломирала на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје, на студиската програма - проектирање и технологија на мебел и ентериер, со средна оценка 9,38.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование