X
 25.08.2022 Здравје

Нова молекула може да ја направи имунотерапијата достапна за сите пациенти со рак

Научници од Универзитетот во Тел Авив и Универзитетот во Лисабон создале мала молекула која би можела да биде подостапна и поефективна алтернатива на антителата што се користат во третманите за рак.

Истражувачите создале нов вид молекули кои ги неутрализираат протеините со помош на кои клетките на ракот ги парализираат имунолошките клетки, објаснил професорот Ронит Сачи-Фаинаро, еден од главните автори на истражувањето.

Во здравството веќе се користат антитела во борбата против овие протеини и се смета дека овој третман има најголем потенцијал во борбата против ракот. Оваа имунотерапија драстично ги подобрува резултатите на пациентите без силните негативни ефекти што ги имаат други третмани, како хемотерапијата.

Меѓутоа, производството на овие антитела е скапо и затоа не се достапни за сите пациенти, па третманот не може да се користи за сите видови тумори. Меѓутоа, новата молекула може да биде алтернатива за антителата.

Научниците создале молекула која дејствува на протеините што му помагаат на ракот да се шири и го потсетуваат имунолошкиот систем дека треба да го нападне ракот. Малата молекула се произведува со едноставна опрема и за кратко време, а затоа и чини помалку.

Научниците претпоставуваат дека пациентите би можеле да го користат третманот орално дома.

Извор: Scitechdaily
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје