X
 01.04.2017 Игри

„Google Maps“ овозможува да играте „Pac Man“ на вистински улици

На денот на шегата Гугл лансира верзија на “Google Maps” што им овозможува на корисниците да ја играат играта “Ms Pac-Man” на вистински улици.

пек мен

Тие може да имаат пристап преку паметните телефони со отворање на Google Maps апликацијата и притискање на розовиот круг во долниот десен агол на екранот.

Апликацијата го носи корисникот на локација по избор, ја претвора мапата во сино и Ве става во верзија на играта во која мора да го водите жолтиот лик на мапата, додека јаде точки и избегнува духови во боја.

Играта е тешка со оглед на тоа дека улиците во вистинскиот свет се во хаос во споредба со линиите на оригиналната верзија на играта. Често може да дојдете во ќор сокак и не е јасно каде ќе завршите.

Оваа идеја е прв пат пробана во 2015 година.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Игри