X
 07.04.2017 Живот

Викенд временска прогноза... Од понеделник натпросечни темепратури

Денес е петок, 7 април 2017 година, 97-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:02, а ќе зајде во 19:09 часот. Денот ќе трае 13 часа и 07 минути.



Ова утро во Македонија имаме претежно облачно и ветровито време. Во западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд, додека пак во овие региони на ридско-планинските предели и на планините провејува слаб снег.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во петок во утрински часови облачно со врнежи од дожд ќе биде во западните и југозападните предели, додека пак на ридско-планинските предели и на планините над 1000 метри ќе провејува и слаб снег. Овие врнежи во раните претпладневни часови ќе престануваат и во текот на денот како и насекаде во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 0 до 10 степени, додека пак максималните дневни од 7 до 18 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна ќе достигне до 15 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота студено утро со утрински температури од -3 до 6 степени, додека пак во текот на денот не очекува претежно сончево време со локална облачност и дневни температури од 7 до 17 степени. Студено утро и претежно сончево време ќе имаме и во недела, утринските температури од -1 до 8 степени, додека пак максималните ќе бидат во пораст и ќе се движат од 12 до 22 степен. Во понеделник и вторник ќе биде претежно сончево и многу топло време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината и ќе се движат од 15 до 25 степени во понеделник, односно од 16 до 26 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот