X
 14.07.2015 Живот

Временска прогноза за наредните денови



Во Македонија денот ќе го започнеме со повисоки утрински температури од денешните, а пак максималните ќе бидат пониски за некој степен.

Во текот на денот ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен североисточен ветер. Понекаде ветерот ќе достигне брзина до 30 км/ч. Утринските температури од 11 до 22 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 23 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје во вторник ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната дневна ќе достигне до 32 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Сончево и топло ќе биде и во среда и четврток. Утринските температури од 9 до 21 степен, додека пак максималните ќе достигнат до 24 односно до 37 степени.

Дополнителен пораст на температурите се очекува во петок и сабота кога максималните ќе се искачат до 27 односно до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 8

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот