X
 13.04.2017 Живот

Планот на Босна како да го запре одливот на мозоци

bosna

Претставничкиот дом на Федералниот парламент, со мнозинство гласови го усвои заклучокот кој го предложи работната група врз основа на дискусии и информации од мартовската тематска седница на домот во врска со проблемот на иселување на граѓаните на БиХ.

Во заклучокот проблемот со иселувањето е препознат како важно прашање од големо економско и социјално значење за планирањето, развојот и просперитетот на БиХ.

Владата на БиХ е должна да подготви информации за Претставничкиот дом за планираните и тековните проекти кои се однесуваат на привлекување на инвестиции и враќање на граѓаните на БиХ - потенцијални инвеститори во економскиот развој на БиХ.

Предложено е создавање на правна рамка за воспоставување на канцеларија за економска соработка со дијаспората, која би се занимавала со привлекување на инвестиции и олеснување на правна и информативна помош за сите државјани заинтересирани за инвестирање и бизнис.

Според заклучоците на Претставничкиот дом, Агенцијата за вработување би била обврзана на соработка со кантоналните агенции за вработување, и во рок од 90 дена треба да достави податоци за бројот на луѓе кои се одјавиле од бирото или друг вид на проценка која се однесува на напуштање на Босна и Херцеговина заради вработување во странство и слични информации.

Од Федералното министерство за образование и наука се бара во рок од 90 дена, во соработка со надлежните кантонални министерства, да се предложат дополнителни информации за училиштата и факултетите и да се утврди список на дефицитарни вокации во БиХ.

Се предлага да се создаде правна рамка за воспоставување на студенти во странство под покровителство на премиерот на БиХ, која ќе биде реализирана во соработка со Федерацијата на младите на Босна и Херцеговина.

Федералното министерство за бегалци и раселени лица е должно да поднесе финансиски план и методологија во Владата на БиХ во рок од 60 дена, со кој би можелода се изврши соодветно евидентирање на бегалците и економските мигранти кои привремено престојуваат во странство, со цел да се поврзат, соберат информации и соодветно информирање на босњачката дијаспора за изменување и дополнување на прописите, можностите за инвестирање и програма за поддршка на Владата, за таа да планира посебни пари за реализација на овој вид на активности во иднина.

Владата на БиХ на заклучокот на Претставничкиот дом му дава рок од 120 дена од денот на изготвувањето, да подготви информации за ефикасноста и резултатите од спроведувањето на Законот за младите на БиХ.

Исто така, Владата во рок од 90 дена треба да подготви сеопфатна информација за иселеното население, со акцент на имплементација на Анекс 7 од договорот, демографско обновување и задржување на младите во БиХ.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот