X
 13.04.2017 Живот

Празнична временска прогноза

Денес е четврток, 13 април 2017 година, 103-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:52, а ќе зајде во 19:15 часот. Денот ќе трае 13 часа и 23 минути.

Ова утро во Македонија имаме ведро но и посвежо утро со пад на утринските температури.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во четврток уште еден надпросечно топол пролетен ден, иако утрото е малку посвежо со минимални температури од 1 до 8 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и топло. Доцна попладне во крајните западни предели со услови за сосема слаб локален дожд, но ова се само услови и шансите за истите се многу мали, но мораме да ги најавиме. Ветерот ќе слабее и во текот на денот се очекува претежно слаб североисточен и северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 17 односно до 26 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево со појава на локална облачност и топло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 6 степени, а максималната дневна до 24 степени. УВ индекс 6

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време, утринските температури од 4 до 11 степени, а максималните дневни од 15 до 26 степени. Во сабота претежно сончево време со локална облачност и топло време, попладне со услови за развој на нестабилност која може да донесе врнежи од дожд, температурите идентични и без промени како претходиниот ден. Во недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд , врнежи кои ќе започнат попладне и во доцните попладневни и во вечерните часови ќе се интензивираат. Дневните температури во опаѓање и ќе се движат од 10 до 21 степени. Во понеделник стабилизација на времето, по студеното утро со утрински температури од 0 до 7 степени, во текот на денот ќ ебиде претежно сончево со локална облачност и посвежо време со пад на дневните температури кои ќе достигнат до 7 односно до 18 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во петок претежно сончево време со локална облачност и топло време со дневна температура до 24 степени. Во сабота претпладне претежно сончево, попладне услови за локални врнежи од дожд и температура до 24 степени. Во недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и посвежо време со температура до 19 степени. Во понеделник посвежо утро со утринска температура од 5 степени, а во текот на денот претежно сончево со локална облачност и температура до 16 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот