X
 17.11.2015 Живот

Сончевото време продолжува до петок... Од сабота промена на времето



Во Македонија во вторник во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот сончево и топло. Претпладне слаб сееверозападен и североисточен ветер, а попладне ќе премине во југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од 0 до 9 степени, а пак максималните дневни ќе достигнат до 14 односно до 22 степени.

Во вторник во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максимланата дневна ќе достигне до 18 степени.

Сончевото и топло време не очекува до петок. Сончево и топло, само во среда попладне се очекува појава на локална облачност. Дневните температури речиси идентични и ќе се движат од 12 до 22 степени. Во сабота се очекува промена на времето. Умерено облачно со кратки сончеви периоди и постудено. Попладне се очекува зголемување на облачноста и силен ветер. Максималните температури до 9 односно до 18 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот