X
 26.04.2017 Технологија

Новиот ИКЕА производ може да Ви заштеди пари

На дизајнерите на шведскиот гигант за мебел му беше даден предизвик за дизајн на кутија за обновливи акумулатори. Тие долго време се избегнуваат од луѓето затоа што се сметаат за скапи, а освен тоа и грди.

полнач книга
Фото извор: Supplied


Нивната задача била да создадат елегантни, соодветни и со достапна цена. Плодовите од нивниот труд се пуштени во продажба во Австралијанските продавници оваа недела. “VINNINGE” преносливиот полнач има “USB” порта за може да се полни кога патувате.

“STORNHÖGEN” полначот има вграден менаџмент на кабли што значи дека може да биде маскиран во книга или закачен на ѕидот и не мора да биде спакуван по неговата употреба. Не само што е штедлив туку и животната средина ќе има бенефит. Од компанијата велат дека со набавка на само една од овие батерии се штедат до 1500 батерии од депонијата.


полнач
Фото извор: Supplied

„Во Икеа веруваме дека одржливоста не треба да биде луксуз и ние ги дизајнираме нашите производи така да тие се достапни за сите, а исто така сакаме да помогнеме нашите клиенти да живеат одржлив живот во домот со тоа што нудиме решенија кои го олеснуваат тоа,“ вели Хелен Лонгфорд, експерт за опремување на дом од Икеа Австралија.


голем полнач
Фото извор: Supplied
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија