X
 16.08.2020 Живот

Патувајте во Токио, Париз и на Малдивите со најновиот производ на ИКЕА

Ако ви недостигаат возбудата од патувањата и можноста да запознаете нови места, интересни луѓе и да ги видите знаменитостите во друг град, сега имате можност да го направите тоа од удобноста на вашиот дом благодарение на ИКЕА.

Шведската продавница за мебел сега продава и патувања. Позната по необичните имиња на производите, ИКЕА сега лансира нов начин за нејзините клиенти да „посетат“ нова дестинација без да заминат од дома, нарекувајќи го „Одмор во кутија“.


Кутиите што доаѓаат во четири вида: Париз, Кападокија, Токио и Малдивите, содржат мебел за домаќинства, додатоци, рецепти, слики и активности што ќе ви помогнат да „патувате“ до ново место без да мора да ги спакувате куферите или да резервирате билет.

Во сезона кога меѓународните патувања станаа невозможни поради Ковид-19, шведската компанија им помага на клиентите да ја убијат досадата.

Наместо да ги кршите правилата и да го ризикувате здравјето, останете дома, трансформирајте го просторот и замислете дека сте далеку.

Патување во Турција

turcija
Фото: Freepik

Кутијата Кападокија вклучува рецепт за турско задоволство, упатства како да вежбате турски танц и предлози за песни и филмови за да ја комплетирате темата. Има и перници и додатоци за пријатна атмосфера и уживање во турското кафе.

Вечерајте во Париз

2
Фото: Freepik

Кутијата има сè што ви е потребно за да го претворите вашиот простор во романтично париско бистро, полно со свежи чаршафи за маса, бел прибор за јадење и препораки за филмови вклучувајќи ги „Американец во Париз“ и „Недопирливи“.

Исто така, можете да направите традиционални јадења и рецепти, а вечерата да ја завршите со валцер.

Напијте се чај во Токио

tokio
Фото: Freepik

Кутијата вклучува растенија и чај за вежбање на античката уметност на церемонијата за чај. Освен тоа, има и инструкции како да изведете традиционален танц каков што има во театарот Кабуки, а вклучен е и рецепт за чискејк во јапонски стил.

Опуштете се на Малдивите

maldivi
Фото: Freepik

Кутијата содржи чаши и чинии, како и ЛЕД-светла за украсување на отворен простор. Во пакетот со активности ќе најдете предлози за музика вклучувајќи и бодуберу, најпознатата домородна музика на Малдивите.

Постојат и упатства за традиционален фолклорен танц.

Секој може да ги преземе брошурите со активности, рецепти и музика од ИКЕА, но целосните сетови „Одмор во кутија“ во моментот се достапни само во Обединетите Арапски Емирати.

Извор: Forbes.com
Фото: Screenshot/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот