X
 06.12.2021 Живот

Поради снежна бура, купувачи преспале во ИКЕА во Данска

Шест купувачи и околу 20 вработени во продавницата ИКЕА ја поминале ноќта во стоковната куќа во Данска поради снежна бура.

Наместо да се пробиваат низ невремето и снегот, купувачите и персоналот добиле можност да ја поминат ноќта во една од најпопуларните продавници за мебел. Тие можеле да изберат каде ќе го поминат времето и во кој кревет ќе преспијат.

- Спиевме во изложбените простории на првиот кат каде што имаме кревети, душеци и каучи - раскажува менаџерот на продавницата, Питер Елмроуз. Тој додаде дека ова беше можност клиентите да ги пробаат креветите што можеби размислувале да ги купат.

На купувачите и персоналот им се придружија и вработени во блиската продавница за играчки. Целото друштво вечерало таму, гледало телевизија, а менаџерот на продавницата наведува дека добро си поминале и се забавувале.

- Многу е подобро од спиењето во автомобил. Беше убаво и топло и среќни сме што ни дозволија да влеземе. Ситуацијата беше смешна и веројатно повеќе никогаш нема да ја доживееме - изјави шефицата на продавницата за играчки, Мишел Барет.
Извор: Daily Mail
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот