X
 24.05.2017 Наука

Како луѓето би еволуирале на Марс?

Човечките суштества се резултат на милиони години бавна, но неизвежна еволуција, креирајќи се во посложени суштества во однос на животната средина. На пример, ние дишиме кислород, а издишуваме јаглероден диоксид и ова соодветствува на планета која е покриена со растенија.

марс земја
Фото извор: popularmechanics.co.za


Но што би се случило ако целото човештво се смести во друга средина, на пример, на Марс?
Space Time спроведува темелен експерименр со кој открива што би се случило ако луѓето живеат, растат и еволуираат на Марс.

Се смета дека Марсовците со годините би развиле генетски мутации кои ќе се спротивстават на ризиците од намалена густина на коските и мускулната маса, нешто што научниците редовно го набљудуваат кај астронаутите. Со времето Марсовците може да бидат повисоки од луѓето затоа што срцата нема да мора да се борат со толку силна гравитација при пумпањето крв, што е биолошка причина за ограничената висина кај луѓето.

Погледнете го видеото:

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука