X
 01.06.2017 Технологија

Оценка на корисниците: Кои компјутери се најсигурни?

„Consumer Reports“ неодамна спровеле истражување за најсигурните компјутери, а во истражувањето учествувале повеќе од 80 илјади луѓе.


Во истражувањето за преносните и десктоп компјутери, посебен акцент е ставен на оние купени помеѓу 2012 и 2016 година, па корисниците биле прашани какви проблеми имале со нив последните години.

Consumer Reports“ е непрофитна организација која е потполно независна од компаниите чии производи се тестираат бидејќи во истоименото списание во кое објавуваат рецензии за производите, нема реклами и самите ги купуваат производите кои ги тестираат.

Со резултатите најзадоволни можат да бидат од „Apple“, бидејќи нивните компјутери се покажале како најсигурни на пазарот.

Кога се во прашање преносните компјутери, 17% од компјутерите на „Apple“ имале некаков дефект во последните години, потоа „Samsung s“ – 27%, „Dell“ – 29%, „HP“ – 30%, „Lenovo“ – 31%, а „Asus“ – 33%.

„Apple“ е најсигурен и кога се во прашање десктоп компјутерите со проблеми во само 15% од случаите. Потоа следува „Lenovo“ со 24%, „Samsung“ со 25%, а потоа „Dell“ и „HP“ со 27%, па на крај „Asus“ со 29%.

Освен сигурноста, корисниците го оценувале и квалитетот на техничката поддршка. Најзадоволни се од „Apple“ со 82%, потоа „Microsoft“ со 68%, а „Dell“ со 56%.

Начелно, оценката над 80 значи дека корисниците се многу задоволно со уредите, односно техничката поддршка.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија