Фото: madeinslavutych.org
Украинскиот град Славутич во кој живеат 25.000 жители, инспириран од повикот на еден чешки уметник денес се бори за влез во Гинисовата книга на рекорди на оригинален начин - со најголемото барање за виза во ЕУ. Уметникот Катерина Шеда ги повика сите 25.000 жители, а сите тие поднесоа барање вчера и ја известија дека ќе одат во нејзина посета.
„Долго време размислував каква уметничка акција да спроведам во Славутич. Се покажа дека најголемиот проблем за тамошните жители и цела Украина се визите. Проблемот е подлабок и е поврзан со совладувањето на границите генерално“, објаснува Шеда.
На Славутич и на Шеда им е јасно дека никој одеднаш нема да обработи 25.000 апликации за виза.
„Гинисовата книга на рекорди е полна со глупости, а мене ми се допадна идејата да додадеме уште една“, вели таа.
Чешките стопанственици во последните неколку години апелираа до владата да го олесни и поедностави режимот за одобрување на работни визи за
Украинците бидејќи на чешката економија моментално ѝ недостасуваат дури 140.000 работници и мора да увезува работници од странство - Украина, Романија и Србија.