X
 07.06.2017 Живот

Временска прогноза: Подгответе се за тропски температури!

Денес е среда, 7 јуни 2017 година, 158-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:54, а ќе зајде во 20:09 часот. Денот ќе трае 15 часа и 15 минути.

Ова утро во поголем дел од Македонија имаме зголемена облачност која што ни условува и повисоки утрински температури, само во крајните јужни предели и долж Повардарието е претежно сончево.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во среда во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне развој на нестабилност која што ќе донесе нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, локално врнежите ќе бидат и од пороен карактер, особено во западните и во крајните источни предели каде што локално може да наврнат и до 20 литри. Сосема слаби врнежи или воопшто ќе ги нема во југоисточните предели од Македонија. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 10 до 18 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 21 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна до 29 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Како што веќе неколку денови најавуваме, од четврток конечно стабилизација на времето. Во четврток претпладне претежно сончево со локална облачност и топло, попладне разведрување и сончево, топло и ветровито време. Утринските температури од 11 до 19 степени, додека пак максималните дневни од 19 до 30 степени. Во петок, сабота и недела сончево и топло време. Во петок посвежо утро со утрински температури од 6 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 22 до 33 степени. Најтопло време од деновите кои што не очекуваат ќе биде во сабота кога утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 25 односно до 35 степени, а во недела се очекува благо опаѓање на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 23 до 33 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот