Фото: East, Miami
Пред да го отвори неговиот прв ресторан во Париз, готвачот Сајмон Хорвиц помина месеци барајќи податоци од Бургундија, Германија и Перу, за тоа како да го уреди ресторанот.
Работејќи заедно со дизајнерот на ентериер Ауде Грос-Росанвалон, готвачот го отвори „Elmer“ пред една и пол година. Таму, темните метални столици под светлите дрвени маси, создаваа вистинска разлика наспроти белите рачно изработени чинии. За осветлувањето, готвачот избра мека, жолта точка која сјае на секоја чинија, за гостите не само да можат да ја видат нивната храна, туку и да фотографираат без да бараат дополнително осветлување.
Додека дизајнот отсекогаш бил примарна цел на ресторанот, убавите кулиси кои ги земаат во предвид светлата, боите и приборот сега стануваат исто толку важни колку и храната. Нис Норен, ко-основач на компанијата за совети за ресторани и пијалаци „Absolute Culinary“ вели дека постои едно големо прашање: „Кој ќе биде вашиот „Instagram“ момент?
„Instagram“ не бил првичниот фокус на дизајнот на ресторанот „Elmer“, но кога тој дебитирал во декември 2015 година, Хорвиц изјави дека „Instagram“ веднаш станал важен фактор во бизнисот.
„Правењето на совршената фотографија од местото сега служи како печат на многу кулинарски пасоши на луѓето“, вели Сабато Сагариа, главен готвач во „Union Square Hospitality Group“.
За готвачите и дизајнерите, социјалните медиуми не го промениле начинот на кој тие го реализираат бизнисот, меѓутоа влијаел како тие го концептуализираат просторот.
„Гостите денес не прават фотографии само од храната, туку и од целата маса, особено ако постојат дизајнерски карактеристики кои се издвојуваат од останатите“, вели готвачот и сопственикот на ресторанот Форд Фрај.
Доколку пребарувате низ „Instagram“ ќе наидете на постови во кои се вклучени пораки како „long live bacon“ заедно со прекрасни подни плочки, мурали, изложени тули и цитати. Клучот во дизајнирањето на рестораните е моќен декор.
Еден од највпечатливите: тела долги 5 метри кои се протегаат по должината на таванот. „Studio Collective“ го дизајнирал ова дело користејќи мешавина од бронзени перфорирани метални приврзоци специјално направени во Египет, со 300 светилки кои паѓаат надолу во различни форми, големини и микстури.
Овој вид на добро извршен дизајн мора да биде фотографиран за социјалните медиуми, особено „Instagram“.
„Едно нешто кое го забележав е тоа што новите ресторани кои се отворени во изминативе години, за нивните гости инкорпорираат високо „Instagram“ искуство од почеток до крај, па дури и обезбедуваат хаштаг заедно со нивните постови на социјалните медиуми“, вели фотографот Џејсон Хенри од Сан Франциско.
Додека некои ресторани се фокусираат на создавање на сцени за кои се надеваат дека ќе се појават на социјалните медиуми, други пак го следат „помалку е повеќе“ менталитетот за да овозможат природна состојба на ресторанот како и кујна која зборува сама за себе. Ова особено се однесува на помали ресторани кои немаат финансиска поддршка или буџет за голема група.
„Не сум фанатик на социјалните медиуми“, вели Хоровиц. „Да, може да им помогне на готвачите, но дали одите во ресторан само за да направите
фотографија? Кога готвачот ја сервира храната на вашата чинија, таа треба да е на одредена температура; затоа, ако сакате да направите фотографија, направете ја брзо и уживајте во храната“, вели тој.