X
 06.05.2017 Култура

Моќните владетели кои ја запечатија судбината на еден континент

Може да се каже дека 1490-те беа шарен период за европската историја. Речиси во ист период Европа го премина Атлантикот и го прошири својот бизни и стигна до Индискиот Океан, Шпанија го уништи најстарите муслимански државни уредувања на континентот и ги расфрли Евреите од Иберија низ Медитеранот. Овие настани помогнаа на сцената да се појават големи ривалства меѓу европските држави во 16 век; напредокот во морската технологија и верските револуции од ваков вид ја овозможија Реформацијата.

Во истата оваа деценија биле родени четири мажи, четири принцови - тема на која Џон Јулиј Норвич ја напиша книгата „Четири принцови“. Во книгата тој ги користи животите на Хенри VIII од Англија, Франсоа I од Франција, Светиот римски император Kaрло V и османлискиот султан Сулејман Величенствениот за да објасни како првата половина на 16 век го формирала нашиот свет денес. Иако Норвич нуди индивидуални истории на секој од неговите субјекти и нивните империи, неговиот фокус повеќе е кон овие луѓе заедно кои претставуваат пример за ера на глобална трансформација, меѓународно воено и политичко прегрупирање.

Главните постигнувања во оваа книга е фактот што Норвич во една иста приказна ги сместува сите четири владетели. Одвоен од групата е само Сулејман. Иако на историчарите долго време им било познато дека неговата Отоманска Империја била од клучно значење за сè што се случувало во Европа, сè уште Османлиите се опишуваат како аутсајдери - муслимани желни за портите на Виена, сексуално покварени султани скриени во харемските дувла во бескрајно развратен секс. И Норвич навлегува во ваквите ориенталистички фантазии, меѓутоа нуди и корисни потези. Османлиите имале голем дел од територијата на Европа во 16 век отколку Англија или Холандија. Повеќето христијани живееле во Отоманската империја отколку било која друга европска држава. Градот со најголема еврејска заедница во светот во 16 век бил отомански Солун. За христијанска Европа голема воена и политичка загриженоста биле токму Османлиите. Како што вели Норвич, Отоманската империја била европска држава, а ние конечно треба да се откажеме од идејата дека Османлиите биле одделени од Европа.

После овој почетен увид со кој Османлиите се поставени во Европа, „Четири принцови“ за жал предизвикува фрустрации. Норвич премногу ги потенцира личните детали и живописните анегдоти од животот на овие четири личности.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура