X
 23.06.2017 Живот

Помогнете си себеси додека трае топлотниот бран

На самиот почеток на летото пред нас е топлотен бран од кој може да има последици доколку не сте соодветно заштитени. Затоа ние ви нудиме неколку совети за различни ситуации додека траат високите летни температури.

вртоглавица
Фото: Shutterstock

Разладување на домот

- Идеално би било собната температура да ја држите под 32 преку ден и под 24 навечер. Ова е особено важно за деца и постари од 60 години, како и за оние со хронични здравствени проблеми;
- Искористете го падот на температурите навечер да го разладите домот без климатизер;
- За да ја намалите количината на топлиот зрак, затворете ги прозорците и вратите и спуштете ги ролетните;
- Ставете завеси или тенда на прозорците од кои наутро и попладне добивате сонце;
- Електричните вентилатори не помагаат над 35 степени, а ако имате клима уред затворете ги сите прозорци и врати да не трошите енергија.

Тргнете се од сонцето

- Изберете ја најстудената просторија во домот за престој;
- Ако не можете да го држите домот студен, поминете 2-3 часа кога е најтопло во студен простор;
- Не излегувајте во најтоплиот дел од денот;
- Избегнувајте физички напор;
- Побарајте сенка;
- Користете крема со заштитен фактор.

Разладете го телото и пијте доволно течности

- Избегнувајте престој на сонце од 10 до 17 часот, а ова особено важи за деца, трудници, стари лица и лица со срцеви и шеќерни болести;
- Туширајте се со млака вода;
- Носете лесна и широка облека од природни материјали, како и шешир или капа, и наочари за сонце;
- Редовно пиете вода и избегнувајте алкохол или напитоци со премногу шеќер и кофеин;
- Јадете почесто мали оброци.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот