X
 06.07.2017 Економија

IMS Internet Media Services постигна договор за стекнување на главен удел во Httpool


Мајами – 06.07.2017 година - IMS Internet Media Services (IMS), подружница на Sony Pictures Television Networks и една од најголемите компании за продажба на дигитални реклами и медиа закуп во Латинска Америка, објави дека постигнала договор за стекнување на мнозински удел во Httpool, меѓународна огласувачка мрежа на повеќе канали, со присуство во Централна и Источна Европа и Азија.

Во согласност со регулаторното одобрување, договорот ќе создаде една од најголемите компании во индустријата на дигитален маркетинг и рекламирање, со комбинирано работење со кое се поддржуваат повеќе од 6000 агенции и брендови ширум светот и ексклузивно се застапуваат Twitter, LinkedIn, Spotify и повеќе од 5000 глобални и локалните издавачи во 30 земји во Латинска Америка, Централна и Источна Европа и Азиско-Пацифички регион.

„Оваа аквизиција ќе му овозможи на IMS да се развие во некои од најзначајните земји со највисок потенцијал низ цела Европа и Азија и да создаде вистинска глобална компанија. IMS и Httpool заедно можат да понудат крајно решение за реализација на кампањи од сферата на дигиталниот маркетинг, при тоа помагајќи им на партнерите со нашето длабоко познавање на локалните пазари и зајакнување на локалните медиуми, огласувачи и илјадници дигитални професионалци и претприемачи“, изјави Гастон Таратута, извршен директор и основач на IMS.



„Соединувањето на IMS и Httpool ќе создаде комплетно решение за огласувачите при лансирањето на локални или меѓународни кампањи, но и можност на мрежите и медиумите да ја капитализираат својата содржина на најбрзорастечките пазари во светот“, изјави Енди Каплан, претседател, worldwide networks, Sony Pictures Television.

„IMS и Httpool ја делат истата визија, па затоа не можевме да замислиме подобар партнер. Овој договор претставува важна пресвртница за Httpool и важно признание за сите наши досегашни достигнувања. Партнерството со IMS ќе го поттикне нашиот растечки развој и ќе ни овозможи да ги прошириме комерцијалните решенија на глобално ниво“, изјави Аљоша Јенко, извршен директор и основач на Httpool.



„Httpool и неговиот тим воспоставија неверојатна меѓународна позиција, развија комплементарни технологии за рекламирање и ги споделуваат истите претприемачки вредности како IMS. Со здружување на силите, двете групи можат да направат трајно влијание врз поширокиот дигитален екосистем преку континуирани иновации, отвореност, креативност и партнерства“, додаде Таратута.

Со седиште во Мајами, IMS исто така има и канцеларии во Бразил, Мексико, Аргентина, Колумбија, Чиле, Панама, Перу, Еквадор и Уругвај.

19-те канцеларии на Httpool се лоцирани во: Индија, Хонг Конг, Австрија, Бугарија, Чешка, Хрватска, Грција, Унгарија, Косово, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словенија, Естонија, Латвија, Литванија, Украина и Русија
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија