X
 22.07.2017 Живот

Австралија ќе добие село наменето за лица со деменција

Лицата со деменција ќе можат да живеат во безбедни куќи со пристап до супермаркет, кино, кафуле, салони за убавина и градини, во Тасманија, Австралија. Креирано е село кое е наменето токму за луѓето со оваа болест.

фото извор: sbs.com.au

Се работи за селото Коронги кое е проект вреден 25 милиони долари. Во Австралија има повеќе од 413.106 луѓе што патат од деменција и таа болест е втората по ред причина за најголем број смртни случаи.

Ваквото село е проект на фонд од здравствениот сектор во Австралија и невладини организации кои се потпомогнати финансиски од владата на земјата. Селото ќе има типична структура како другите места во Тасманија, а целта е жителите да се чувствуваат сигурно. Ќе можат да одат на прошетки и да учествуваат во секојдневните одлуки, што не можат вообичаено да го прават во центрите за лица со деменција.

Во селото ќе има 15 куќи, сите со по 6 спални соби, а ќе има и вработени лица кои ќе бидат здравствени професионалци и ќе им овозможуваат на жителите автентичен изглед на дом.

Се очекува да започне со работа во 2018 година, а проектот да биде завршен кон крајот на 2019 година. Креаторите истакнуваат дека селото ќе биде достапно за сите што имаат потреба и ќе можат финансиски да си го дозволат тамошниот престој.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот