X
 01.08.2017 Живот

Месечен хороскоп за август 2017 година

Прочитајте што ве очекува овој месец.

mesecen

Овен


Август ќе биде доста лесен и балансиран период од годината за овните. Ќе бидете изненадени колку убави промени ќе доживеете, а на љубовен план буквално ќе ви цветаат рози. Цел месец ќе уживате во почитта што ќе ви ја овозможат луѓето.

Овните што не се во емотивна врска ќе се обвинуваат себеси за самотијата, па низ сеќавања повторно ќе се заинтересираат за некоја личност од минатото. Овните што се во брак треба повеќе внимание да обрнат на семејните проблеми.

Здравјето на овните е на завидно ниво во текот на цел август.

Бик

Крајно време е да ја победите вашата мрзливост и да тргнете во акција, бидејќи во текот на август ќе имате големи шанси за успех. Успехот исклучиво ќе зависи од вашиот труд, па искористете ја можноста која не секогаш се појавува во животот.

Сепак, биковите генерално повеќе ќе се трудат околу љубовниот живот. Август ќе ви донесе можност конечно да се ослободите од празнината во срцето и да пронајдете нов партнер. Времето ќе направи да ја промените стратегијата на приоѓање на спротивниот пол, што би можело да резултира со сериозна врска. Биковите што се во брак треба да внимаваат на тоа колку внимание му посветуваат на партнерот, бидејќи невнимателноста може да ве чини многу.

Иако здравјето ќе биде генерално добро, се препорачува да започнете со редовна физичка активност.

Близнаци

Чувајте се од брзо донесување на одлуките во екот на август затоа што некои од нив би можеле да ве чинат многу! Сè што сакате да промените во животот ќе мора внимателно да го испланирате, во спротивно, сè ќе биде вистинско фијаско.

Август на близнаците им донесува евоцирање на времето во минатото и тага за стабилен семеен живот. Поради ова, припадниците на овој знак на сите начини ќе се обидат да привлечат што повеќе потенцијални партнери. Ни на ова поле не треба да брзате бидејќи може да излезат големи проблеми со зафатена или посесивна личност. Ако сте во брак, повеќе посветете му се на партнерот, а неверството нека не ви паѓа на памет.

Екстравагантното однесување може да остави последици врз здравјето. Намалете ги излегувањата, алкохолот и цигарите, и насочете се кон здрав живот.

Рак

Овој месец конечно треба да престанете да се грижите за пропуштените шанси да станете посреќни и побогати. Пред крајот на август ќе имате и други такви можности, па потрудете се овој пат да ги искористите.

На љубовен план ве чекаат непријатни изненадувања. Ако неодамна сте започнале афера, ќе сфатите дека сето тоа било само поради физичка привлечност и дека личноста воопшто не ви одговара, но нема да знаете како да се извлечете од таа врска. Раковите што се во брак ќе доживеат непријатно изненадување од страна на партнерот.

Здравјето цел месец ќе ви биде нестабилно.

Лав

Припадниците на овој доминантен знак не треба да се фалат со успехот бидејќи буквално би можеле самите да си наштетат и да ја свртат среќата во друга насока. Мора да сфатите дека луѓето не се заинтересирани да слушаат само за вашите достигнувања и успеси. Фалењето оставете го само за семејството и најблиските пријатели.

Овој месец лавовите ќе го откријат вистинското значење на зборот „проблеми во љубовниот живот“. Слободните лавови ќе запознаат многу луѓе, особено на работа, но романса во канцеларијата не се препорачува. Ако сте во брак, немојте да донесувате никакви големи одлуки пред крајот на летото. Повеќе вклучете се во семејниот живот и тој повторно ќе биде хармоничен и среќен.

До крајот на месецот ќе го исфрлите целиот стрес од телото, ќе се чувствувате подобро и поенергично од претходно.

Девица

Големи промени пристигнуваат на сите животни полиња. Некои ќе бидат толку силни што ќе предизвикаат паника и шок, но на крајот работите ќе излезат како што треба. Малку по малку, ќе сфатите дека вашиот живот се менува на подобро и дека не треба да бидете против овие промени.

На љубовен план, сè ќе се случува против вашата волја. Ако сте осамени, крајот на летото ќе го одбележи запознавањето со доста атрактивна личност, која од почетокот ќе ви вели дека сте создадени за неа, па тешко ќе ѝ одолеете. Венчаните девици ќе доживеат неколку изненадувања од партнерот, но за среќа, сите ќе бидат позитивни.

Во август ќе бидете заштитени од какви било здравствени проблеми.

Вага

Неколку одлични работи ги чекаат вагите во август. Животот во текот на овој месец ќе ви биде буквално мирна река, без поголеми проблеми.

Слободните ваги ќе се запознаат со идниот животен сопатник, додека вагите што се во брак ќе го поминат месецот вообичаено. Ќе го поминете летото со вашите пријатели и партнерот, на плажа или уживајќи во филмскиот маратон дома.

Како што ќе поминува август, така вашиот имунитет полека ќе ослабнува, па пожелно е да преземете мерки за превенција.

Скорпија

За жал, во текот на август скорпиите нема да можат да здивнат, ниту да уживаат во мирниот живот. Ќе верувате дека животот никогаш нема да се врати во нормала, но мора да пронајдете сила да се смирите и добро да размислите што понатаму да направите за ситуацијата да се промени во ваша корист.

Скорпиите ќе бидат под големо влијание на проблемите, па ќе ги одбијат сите додворувачи, што може да биде голема грешка. Како шлаг на тортата, постои можност некоја личност на која ѝ се допаѓате да започне да ве прогонува и следи. Совет е да ја игнорирате целата ситуација. Скорпиите што се во брак ќе имаат проблеми да се договорат со партнерот околу реновирање или поправка на домот.

Стрелец

Во текот на август родените во знакот на стрелец ќе зрачат со неверојатен ентузијазам. Среќниот период ќе продолжи, а на работен план повторно ќе заблескате и ќе предизвикате воодушевување кај целата околина.

Личноста што слободните стрелци ќе ја запознаат во втората половина на август најверојатно ќе биде нивната сродна душа. Сепак, одете полека и не донесувајте избрзани одлуки за стапување во брак. Стрелците што веќе се во брак може да уживаат во нивните мирни денови. За нив нема да има непријатни ситуации, ниту изненадувања.

Кога станува збор за здравјето, помалку нервози.

Јарец

Август за вас подготви многу убави изненадувања и радости. Ќе бидете воодушевени со патувањето кое животот ви го подготви. Луѓето ќе бидат воодушевени од вас и ќе бидете доста популарни, па во еден момент ќе посакате да се вратите во вашата стара монотонија.

Што се однесува до љубовта, нема да можете да предвидите ниту еден ден. Слободните јарци би можеле да излезат накратко и да пронајдат нов партнер. Венчаните јарци ќе уживаат во необичните планови кои ќе ги предложи нивната друга половина. За вас август ќе биде полн со одлични акции.

Внимавајте летната настинка да не ве фати неподготвени.

Водолија


Припадниците на овој знак ќе уживаат во нивната вообичаена рутина. Сепак, во некои моменти ќе посакаат да побегнат далеку од сè и од сите и да се одморат неколку дена сами.

Водолиите во август ќе бидат незадоволни од својот изглед и ќе се обвинат себеси затоа што немаат доволно додворувачи. Сите ќе ги забележат негативните вибрации, па ако нешто не промените, навистина ќе останете сами во текот на целото лето. Водолиите што се во брак ќе се соочат со нервози од партнерот.

Жештината може да предизвика вртоглавици и несвестици. Пијте течности.

Риби


Животот ќе ви се претвори во вистинска атракција во текот на август. Иако цел месец ќе помине во грижа за иднината, ќе уживате во излегувањата и позитивните промени на работа.

Во текот на тие излегувања, слободните риби би можеле да го запознаат потенцијалниот партнер. Сепак, нема премногу да им верувате на луѓето што ќе ги запознаете, а дали бевте во право, ќе покаже времето. Рибите што се во брак ги чека убаво изненадување, што ќе им го приреди партнерот за да се чувствуваат подобро.

Поработете на имунитетот и на нервниот систем.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот