X
 08.08.2017 Живот

Во Македонија нема од штетните холандски јајца, увезуваме само од Србија

На македонскиот пазар нема увоз на јајца од Холандија за кои Европската комисија предупреди дека дел од количините пласирани во неколку европски земји се загадени со инсектициди. Единствен увоз на овој производ кај нас, велат оттаму, е од Република Србија.



Европската унија соопшти дека јајца заразени со штетниот инсектицид „фипронил“ биле продавани во седум земји.
Холандските власти соопштија дека на крајот на јули затвориле неколку фарми откако во јајцата пронашле висока концентрација на „фипронил“, инсектицид кој е забранет за употреба поради штетните последици врз здравјето на луѓето. Портпаролката на Европската комисија, Ана Каиса Итконен, изјави дека Холандија, Белгија и Германија, преку системот за предупредување за безбедност на храната на ЕУ, ги предупредиле другите земји дека штетните јајца можеби се извезени и кај нив. Холандија ја предупреди Шведска дека на почетокот на овој месец испратила од штетните јајца во таа земја, а слични предупредувања се испратени и на Швајцарија, Франција и Велика Британија.

За загадувањето на јајцата се дозна откако одгледувачи на живина во Холандија побарале помош од здружението „Чикфренд“ специјализирано за искоренување на паразити кои ја напаѓаат живината. Некои од нив, како што пишуваат медиумите, користело „фипронил“ кој често се користи во ветеринарските препарати против паразити, но е забранет при лекување на животни кои се користат за исхрана.

Според СЗО  „фипронил“ во големи количества е умерено отровен за луѓето затоа што може да биде штетен за бубрезите и за црниот дроб.
Подготвил: Н.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот