X
 22.08.2017 Живот

Како се ладеле луѓето пред клима-уредите?

Што користеле луѓето за да се разладат во топлите денови пред да бидат измислени клима-уредите? 


Изгледа дека тогаш користеле најразлични решенија. Кога Вилис Карие го измислил она што тогаш би претставувало клима-уред во 1902 година, неговата намера не била да го излади домот. Тие машини биле дизајнирани за да се користат за контрола на индустрискиот квалитет.

Употребата на клима-уредите во домовите станала практика по Втората светска војна. Масивната адаптација на оваа технологија засекогаш ги променила традиционалните архитектонски детали и обичаи.

Пред клима-уредите, некои луѓе живееле под земја. Тоа е една од најстарите стратегии на нашите предци за справување со температурата. Во „подземјето“ се одржуваат стабилни температури во текот на целата година. На некои места во светот цели градови се граделе под земја, како на пример во Кападокија, Турција.

Повеќе модерни примери можат да се најдат и во Ново Мексико. Иако звучи чудно, овој метод за ладење постои и денеска во длабоки и пространи подруми, домови поделени на нивоа и куќи изградени во ридови. Овие места се пријатни дури и во најтоплите денови во текот на летото.

Друг начин за изладување се и тенките ѕидови. Порано се граделе куќи од локални камења или цигли, па се поставувале тенки ѕидови. Нивната термичка маса успевала да ја одржи стабилна внатрешната температура во текот на целата година. Камените ѕидови се одлични спроводници на топлината. Во текот на летото домот ќе биде пријатен, но може да има проблем во текот на зимата.

Градбите во периодот помеѓу 17 и 18 век често имале високи тавани. Топлината оди во најгорниот дел од просторот, па местото каде што престојуваат луѓето е релативно поладно. Исто така, се користеле и отворени скалила кои дозволуваат загреаниот воздух да се движи на горните катови.

Голем број домови во минатото околу себе имале дрвја. Луѓето саделе дрвја на источната и на западната страна од куќите за постојано да имаат сенка. Во летниот период дрвјата ја блокирале сончевата светлина, па температурата во куќата била пријатна. Неизоставен дел од постарите градби биле и тремовите, па за време на жешките ноќи многумина спиеле надвор.

Може да се заклучи дека луѓето немале многу проблеми кога е жештината во прашање. Искусиле многу топло време, па со текот на годините се навикнувале и изнаоѓале решенија за справување со истото.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот