X
 29.08.2017 Култура

Во која земја се преселуваат најголем дел од Македонците?


миграции
Фото: Jakub Marian

Ова се податоци од ОН, преточени во графиката на Јакуб Маријан врз основа на тие податоци - тие се засноваат на местото на раѓање (не државјанството или етничката припадност) што значи дека Украинците родени во Русија кои подоцна ќе се преселат во Украина се сметаат за емигранти од Русија дури и ако се етнички Украинци.

Дел од резултатите се изненадувачки. Русија веројатно не е дестинација за избор на етничките Естонци и Летонци; но сепак и двете земји историски имале големи руски малцинства, кои значително се зголемиле за време на советската ера и потоа започнале да се намалуваат по распаѓањето на СССР.

Најпопуларните дестинации за емиграција:
Русија -> Украина
Белорусија -> Русија
Украина -> Русија
Полска -> Германија
Словачка -> Чешка
Чешка -> Германија
Словенија -> Германија
Хрватска -> Србија
Србија -> Австрија
БиХ -> Хрватска
Македонија -> Турција
Црна Гора -> Србија
Бугарија -> Турција

Слично на тоа, повеќето емигранти од Македонија во Турција се етнички Турци. Истото се случува и со Бугарија. Ако емигрантите од Турција се исклучени, повеќето Македонци емигрираат во Швајцарија, а повеќето Бугари емигрираат во Шпанија. Миграциите на Хрватска, Србија и Босна се резултат од локалните балкански војни што се случија во текот на 90-тите.

Моделот што се гледа во Русија, Украина и Белорусија е очекуван, со оглед на тоа што до 90-тите беа една нација со мешано население. Ако ги исклучиме постсоветските држави, Русите најчесто емигрираат во Германија, а Украинците и Белорусите во Америка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура