X
 18.09.2017 Култура

Доделени Еми наградите - „The Handmaid's Tale“ прогласена за најдобра серија

emmy

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 69-то издание на Еми наградите. Домаќин беше Стивен Колбер, кој го искористи моментот и да испрати политички пораки кон претседателот Доналд Трамп.

Во отсуство на „Игра на троновите“, дистописката телевизиска серија „The Handmaid's Tale“ победи во пет категории на овогодишните Еми награди и освои награда за најдобра серија-драма, најдобра режија, најдобра актерка (Елизабет Мос) и најдобра споредна актерка (Ен Доуд).

Серијата е снимена според романот на Маргарет Атвуд од 1985 година, а раскажува за дистопискиот свет во кој сите женски права се укинати, така што тие стануваат „предмети“ што служат за раѓање на деца.

Еми наградата ја освои Стерлинг К.Браун, протагонистот од серијата „This is Us“, а во конкуренција со него беа Ентони Хопкинс и Кевин Спејси.

За најдобра мини-серија е прогласена „Big Little Lies“, додека наградата за најдобар телевизиски филм ја доби епизодата „San Junipero“ од серијата „Black Mirror“. Никол Кидман („Big Little Lies“) и Риз Ахмед („The Night of“) добија награди за најдобра актерка и актер во мини-серија.

„Veep“ освои Еми награда за најдобра комедија, додека „The Voice“ освои награда за најдобро „реалити“. Најдобро сценарио за комедија освоија Азис Ансари и Лина Веит за „Master of None“.

Целосната листа на наградени можете да ја погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура