X
 01.03.2015 Култура

Северна Кореја низ очите на филмскиот продуцент Пол Фишер

Во летото 2013 година, фотографот Пол Фишер ја посетил Северна Кореја со цел да провери дали она што го знае за оваа земја е вистина.

 

1


Фишер го истражувал киднапирањето од 1978 година, кога две познати корејски филмски ѕвезди биле држени во притвор и од страна на големиот лидер биле присилени да снимаат филмови за него - и тоа цели 8 години.

како што вели и самиот Фишер, неговото искуство во Северна Кореја било толку многу богато, што би можело да се напише книга полна со анегдоти за стражарите кои го чувале, преубавите девојки облечени како стујардеси од 60-те и елитата која била блиска со претседателот на земјата.

 

2


Еве што тој пишува за Северна Кореја.

„Едно од најчесто поставуваните прашања во врска со Северна Кореја е дали ми беше страв за сопствената безбедност. Да бидам искрен, одговорот е „не“. Дури и кога се најдов без пасош на аеродромот во Пјонгјанг, со група вооружени војници околу мене, повеќе чувствував збунетост отколку страв.

Мојата посета во Северна Кореја се случи додека Ким се`уште не беше претседател, туку се занимаваше со државна пропаганда. Тоа беше време кога тој бавно, но сигурно, започна да создава атмосфера која денес преовладува во земјата - опсесивно идолопоклонување кон владејачкиот режим.

 

3


Кога станува збор за создавање на култен водач, филмовите играат клучна улога. Ким Џонг Ил бил опседнат со филмови и уште додека имал 27 години, па се` до неговата смрт, тој го надгледувал снимањето на буквално секој севернокорејски филм.

Кога патувате низ Северна Кореја, секогаш до вас се „туристички водичи“ на кои подобро би им стоело името „стражари“. Тие се секој пат до вас кога ќе го напуштите хотелот, планот на движење се знае од напред, не се дозволени промени, а разговорот со „обичните“ граѓани е строго забранет.

Во Пјонгјанг можете да одите од Пекинг со авион или воз. На аеродромот во Пјонгјанг слетува еден авион дневно.

Има водичи за секој турист, врз основа на нивниот пасош.

 

6


Севернокорејското општество е поделено во хиреархиски кастин. Само елитата може да живее во Пјонгјанг, да биде член на партија, како и да ги работи најдобрите професии или професии кои вклучуваат контакт со странци.

Посетителите на Северна Кореја обично престојуваат во хотелот Корјо кој е на 45 спрата на остров на сред реката Тедонг која тече низ Пјонгјанг. Ресторанот најгоре е одлично место за набљудување како во 22 часот се исклучува струјата ширум градот, а осветлени остануваат само портретите и статуите на Лидерот.

 


 4


Се` е организирано. Секој оброк се јаде во специјални ресторани за странци (кои се обично празни бидејќи Северна Кореја ја посетуваат од 600 до 1.500 туристи годишно) каде добивате богата трпеза и убедување дека има изобилство храна во Северна Кореја.

На туристите им е дозволено да фотографираат се` во Пјонгјанг, но не војската и обичните луѓе.

Надвор од Пјонгјанг нема струја и нема автомобили. Сето тоа е застрашувачко. Не сте исплашени за себе, туку за сите тие луѓе. Сите делуваат исплашено, исцрпено, круто.

Всушност Пјонгјанг изгледа како Дизниленд непосредно пред отворање: персоналот е исцрпен, половина облечен во костуми, има музика на разглас, а зградите и „историските споменици“ изгледаат лажно и пластично. Сепак, реалноста оставете ја пред врата, бидејќи сега сте во светот на фантазијата.

Токму таква е и посетата во Северна Кореја - посетувате затвор во кој затворениците ве убедуваат дека не сте во затвор, туку во прекрасно одморалиште.

Aко ја уништите илузијата, нема да бидете казнети вие, туку затворениците такашто, обврска ви е да останете во игра.

Постои нешто во Северна Кореја поради што после посетата човек останува „зависен“. Не на илузијата која ја промовираат лидерите, туку гигантското, трагично човечко патење кое се гледа на нивните лица.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура