20-от роденден е важен. Ова е годината кога повеќе не сме тинејџери, и преминуваме во светот на возрасните, додека во Јапонија ова се годините кога се станува полнолетен.
За 20 годишниот Јуму Хасегаву ова е ден кога неговите родители му кажаа „збогум“ на должностите кон него.
Хасегава во текот на прославата за роденденот, од својата мајка и татко доби убаво завиткан плик. Претпоставувајќи дека ова е подарок или честитка, Јуму бил доста зачуден затоа што добил нешто што воопшто не го очекувал. На негово изненадување во писмото пишувало дека истекле родителските одговорности кон него, и дека денес тој е возрасен човек од кој се очекува да биде одговорен член на општеството.
Помеѓу останатото, ова подразбира и плаќање на кирија на родителите затоа што живее под нивниот покрив. Покрај тоа, во писмото се наведува дека сега, бидејќи е полнолетен има слобода да се ожени со којашто сака, меѓутоа само ако се пресели од домот на неговите родители.
Доколку сака да продолжи да живее со нив, тогаш треба да има во предвид дека родителите ќе имаат потешкотии „емотивно да прифатат“ било која избраничка за која воопшто не се консултирал со нив.
Хасегава вели дека писмото во поголем дел е пишувано на шега, бидејќи тој и претходно плаќал кирија и пред нивната „оставка од родителските одговорности“.