X
 17.10.2019 Култура

Новиот трилер на „Нетфликс“ ги шокира гледачите. „По ова не сум истата личност“

Новиот психолошки трилер на „Нетфликс“ наречен „Fractured“ ги шокира и ги воодушеви гледачите.

Во филмот го следиме Рej Moнро, фамилијарен човек кој со жената и ќеркичката патува кај роднини. По пат неговата ќерка се повредува и завршува во болница. Откако девојчето заминува на операција, Реј заспива. Кога ќе се разбуди, сфаќа дека жената и ќерката исчезнале од болницата.

Според коментарите од социјалните мрежи, гледачите се воодушевени од многубројните пресврти во филмот, а самиот крај ги шокирал.



Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура