Зеландија, чија површина изнесува околу 5 милиони квадратни километри, е прогласена за посебен континент на почетокот на годината, бидејќи научниците откриле дека ги исполнува сите неопходни критериуми. Станува збор за специфична геологија, надморска височина над околината и кора подебела од обичното морско дно.
Некогаш била дел од древниот супер-континент Гондавин, кој се распаднал пред 180 милиони години, а се верува дека Зеландија се одделила од Австралија и Антарктикот 100 милиони години подоцна.
Научната експедиција што траела два месеци сега ги откри тајните стари 70 милиони години. Со бушење на морското дно на 6 различни локации, на длабочини поголеми од 1,250 метри, научниците успеале да соберат повеќе од 8,000 примероци и стотици фосилни видови. Тие забележале историски промени во географијата, вулканизмот и климата на Зеландија.
Научникот Џералд Дикенс од американскиот универзитет Рај, кој бил дел од експедицијата изјави дека откривањето на миркоскопски школки, организми кои живееле во топлите плитки води на морето, покажале дека географијата и климата на овој континент во минатото доста се разликувале.
„Големите географски промени во северна
Зеландија, што има големина колку Индија, овозможуваат да дадеме претпоставки за разбирање на прашањата како растенијата и животните се рашириле и еволуирале во Јужниот Пацифик“, објаснува Руперт Садерланд од универзитетот Велингтон во Нов Зеланд, кој исто така бил дел од експедицијата.