X
 01.11.2017 Живот

Месечен хороскоп за ноември 2017 година

Пристигна месечниот хороскоп за ноември 2017 година.

хороскоп

Овен

Љубов
- Октомври беше месец кога требаше да се навикнете на промените во вашиот љубовен живот. Околу 4 ноември ќе почнете да чувствувате емоции и желби кон еден лав, стрелец или близнаци. Со партнерот ќе поминувате интересен, малку турбулентен период, а односот може да почне да личи на натпревар. Вие сакате борба, но ова може да ве исцрпи толку многу што ќе посакате да поставите граници.

Работа
- На професионален план ноември започнува активно. Овој месец ќе ви донесе екстра заработка и задоволство низ финансиските добивки. Успехот пристигнува преку соработка со личност во знакот на бик или рак. Идеален период за поголеми вложувања ќе биде помеѓу 14 и 18 ноември кога ќе имате голем прилив на пари, но и многу трошоци.

Здравје
- Чувајте се од настинки.

Бик

Љубов - Ноември за повеќето бикови ќе започне возбудливо. Месецот ќе ви донесе доста позитивна енергија, а на емотивен план ќе забележите изразена страст кај партнерот. Доколку имате некакво двоумење или сомнежи поврзани со партнерот, тогаш најдобро е овој месец да седнете и да разговарате со него и да ги расчистите.

Работа
- За да бидете комплетна личност, на финансиски план работите треба да бидат под контрола. Месецот ви предвидува материјална благосостојба, стабилност, но и порив за трошење. Вашите хедонистички пориви во текот на втората половина од ноември ќе бидат засилени, па можни се трошоци за забава и релаксација.

Здравје
- Спортувајте почесто.

Близнаци


Љубов
- Дури и близнаците, за кои љубовта е игра, во текот на ноември ќе ја покажат нивната емотивна страна. Треба да донесете важни одлуки во врска со еден стрелец или овен. Ве очекува стресна ситуација со партнерот во која тој ќе покаже колку многу се грижи за вас. Кон крајот на месецот, особено околу 30 ноември, можна е промена на статусот и разговори за брак. Слободните припадници ги очекува љубов и страст.

Работа -
Засукајте ги ракавите и фрлете се на работа - завршете ги работите и проектите што сте ги одложувале во текот на претходниот период. Кон крајот на месецот ве очекува важна задача на работа што ќе ви донесе одлична финансиска ситуација и добра заработка.

Здравје
- Проблеми со дигестивниот систем.

Рак


Љубов - Љубовта веќе некое време ве заобиколуваше, а фокусот го имавте ставено на другите сегменти од животот. На почетокот на ноември, околу 8 ноември, ќе отворите врата на нова животна енергија, а вашите мисли ќе бидат насочени токму кон ова поле од вашиот живот. На зафатените раковите оваа енергија ќе им донесе обновување на односот со риби, јарец или бик. Слободните ракови нема да ги држи место, па ќе се впуштат во авантура и излегувања.

Работа
- Во текот на ноември ќе донесете судбински моменти и на работен план. Со заедничка тимска работа, 4 ноември ќе ви донесе успех во одреден проект на кој работите како група, преку здружение или некој поголем колектив.

Здравје
- Ќе се чувствувате одлично.

Лав

Љубов
- Кога сакате, давате 100 отсто или воопшто не сакате. Самиот почеток на ноември ветува возбудливи случувања на полето на љубовта, па така ќе имате средба или комуникација со личност што одамна сте ја оставиле зад себе. Некогаш не е лошо да бидете на проверен терен, но оставете го минатото онаму каде што му е местото.

Работа
- За успехот треба да се борите, и тоа најдобро го знаете. Внимавајте во текот на овој месец бидејќи можни се конфликти со надредените. Од 8 ноември многу полесно ќе привлекувате пари, но вашиот апетит ќе расте, па можни се и поголеми трошоци во средината на месецот.

Здравје - Диетата и вежбањето ќе ви помогнат во одржувањето на балансот.

Девица


Љубов
- Одлична енергија во текот на ноември, а тоа значи дека завршува една фаза што сте ја започнале кон 20 октомври. Комуникацијата со партнерот ќе стане доста интензивна, ќе почувствувате дека одлично сте се поврзале, но можно е да се појават сомнежи и љубомора во односот. За слободните девици се предвидува фатална средба со јарец, риби или девица.

Работа - За повеќето девици ноември ветува добра финансиска состојба, но и одлични бизнис-можности. Комуникацијата со странците и работните понуди поврзани со странство ќе бидат на највисоко ниво, а ќе ви донесат и моќ за убедување на клиентите, но и потпишување важен договор или соработка.

Здравје - Можна е настинка.

Вага


Љубов
- Вие без љубов и без партнер не можете, а ноември ви ги носи и двете. Кон почетокот ќе зрачите со посебна енергија. Ова значи дека следува период на трансформација и кармички средби. На зафатените ваги оваа енергија ќе им одговара, а нивните односи со близнаци, стрелец или рак ќе се обноват.

Работа - Со вашата енергија ќе привлекувате убави работи, подароци, но и успех. Можни се позајмувања, но и решавање на долговите. Овој аспект донесува и зголемени трошоци. Средината на месецот, периодот помеѓу 12 и 18 ноември, ќе треба да донесете доста важна одлука, а можно е и напредување.

Здравје - Избегнувајте да јадете доцна навечер. Можни се тегоби.

Скорпија


Љубов -
Драги скорпии, ноември е ваш месец, а овој ноември посебно ќе ве израдува. Кон почетокот на месецот фокусот ќе го ставите на случувањата во бракот или врската, но и на најдобар можен начин ќе заокружите нешто што сте го започнале претходно. Тоа може да биде важен разговор, договор или комплицирана ситуација со бик, овен или риби.

Работа - Ви претстои одлична бизнис-соработка и партнерство со лав или девица, а од ова можете да очекувате одлична заработка. Ќе ги решите сите работи што претходно сте ги одложиле, а доколку сакате да започнете сопствен бизнис, идеално време за тоа е токму овој месец. Уживајте во ноември на сите полиња.

Здравје
- Одлично!

Стрелец


Љубов
- Ја сакате динамиката во односите, а ноември ќе ви донесе големи возбудувања. Иако сакате целосно да се посветите на партнерот и да уживате далеку од очите на јавноста, вашите професионални обврски не ви го дозволуваат тоа. Затоа, ќе имате расправии со партнерот бидејќи тој ќе го сака целото ваше внимание.

Работа
- Период одличен за бизнис-договори во тајност и успех во некоја установа од затворен тип. Ќе блескате на работа, а сите ваши колеги ќе ви бидат љубоморни, па би било добро да внимавате и да ги држите на око. Успехот и заработката пристигнуваат главно преку женска личност во знакот на скорпија или јарец.

Здравје
- Обрнете внимание на забите. Посетете стоматолог.

Јарец


Љубов - Јарците на љубовта гледаат со голема доза на трезвеност, но дури и вашите аспекти ќе омекнат и ќе добиете одлично романтично расположение. Месецот ќе ви донесе стабилност, а јарците во подолги врски и брак ќе уживаат во позитивната промена во однос со партнерот.

Работа - Ноември е месец одличен за јарците кога станува збор за финансиите и големите договори. Финансиската ситуација во текот на ноември ќе биде одлична, а успесите на работа постојано ќе се нижат. Ќе докажете дека сте одличен тимски играч - шефовите ќе го забележат тоа и ќе ве наградат.

Здравје
- Можна е инфекција.

Водолија

Љубов
- Почетокот на месецот ќе го одбележат вашите вистински емоции и односите со блиските луѓе. Кон средината на месецот ве очекува нова емотивна фаза. Можно е враќање на стара љубов или обновување на односите со близнаци, лав или јарец. за слободните водолии претстои период полн со возбуда.

Работа - Одлична енергија во вашата канцеларија во текот на ноември. Кон средината на месецот ќе можете да вложувате, и тоа поголеми суми. Помеѓу 20 и 24 ноември ќе имате можност целосно да ја промените работната средина, но исто така да пристапите до нов голем проект и да успеете во соработка со вашиот пријател.

Здравје - Добро би било да пиете повеќе течности.

Риби

Љубов
- За повеќето риби ноември носи моќна енергија, а самиот почеток ветува возбудлив месец. Периодот меѓу 14 и 18 ноември може да донесе продлабочување на односите со партнерот. Не дозволувајте да бидете манипулирани. Слушајте ја вашата интуиција, но исто така и вашиот партнер, и бидете сигурни дека сте поврзани со силна љубов.

Работа - Уште на 4 ноември очекувајте позитивен исход на бизнис или проект, но исто така и можност за бизнис. Помеѓу 15 и 23 ноември, под влијание на прекрасната комбинација на Венера и Јупитер, многу риби ќе бидат добитници во игри на среќа. Уживајте во месец со големи шанси за среќа.

Здравје - Болки во мускулите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот