X
 10.11.2017 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме во наредниот период?

Денес е петок, 10 ноември 2017 година, 314-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:10, а ќе зајде во 16:23 часот. Денот ќе трае 10 часа и 13 минути.

Во овие утрински часови по котлините имаме појава на магла која што условува видливост и до 100 метри. Во останатите предели имаме претежно ведро време со појава на локална облачност и температури кои што се вообичаени за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по магловитото и студено утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална и топло време. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер. Утринските температури од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 19 степени. Во вечерните часови и во текот на ноќта повторно се очекува појава на слаба магла.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови појава на магла која што ќе се задржи и во раните претпладневни часови. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло време. Ќе дува доумерен јужен ветер. Минималната температура од 5 степени, додека пак максималнатад невна до 16 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Од сабота повторно под влијание на поле на низок воздушен притисок дестабилизацја на времето и посвежо време со пад на температурите. Во сабота умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и свежо време. Минималните темератури од 2 до 10 степени, а максималните дневни температури од 5 до 16 степени. Во недела облачно време со врнежи од дожд и дневни температури кои што ќе се движат од 6 до 17 степени. Нестабилното време ќе продолжи и во понеделник и вторник со врнежи од дожд. Во понеделник минималните температури од 4 до 12 степени, а максималната дневна од 8 до 19 степени. Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во вторник кога се очекува и продор на ладна воздушна маса од север која што ќе услови и пад на температурите, утринските од -1 до 7 степени, додека пак дневните од 3 до 14 степени. На ридско-планинските предели и на планините со врнежи од снег.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во сабота и понеделник ќе биде умерено облачно и нестабилно време со утринска температура од 8 односно 10 степени, додека пак дневната ќе достигне до 13 односно до 16 степени. Во недела и вторник облачно време со поинетнзивни врнежи од дожд и свежо време со пад на температурите особено во вторни. Минималните од 10 односно 5 степени, додека пак дневната до 16 односно до 11 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот