X
 09.12.2017 Живот

Бил Гејтс: „Опколете се себеси со луѓе кои ве предизвикуваат“

Бил Гејтс всушност не бил добар пример како студент. Но, како второто најбогато лице на светот и како некој кој е вклучен во напорите за намалување на сиромаштијата и здравствените проблеми на милијарди луѓе, знае неколку работи за пронаоѓање на успехот.

фото извор: Getty Images

Тој ги советува студентите низ годините, преку интервјуа, говори и социјалните медиуми. Ова се неколку негови мудри зборови.

1. Вештачката интелигенција, енергија и био наука се најдобар избор за образование

Гејтс смета дека ова се полиња кои ветуваа многу и со кои може да се изврши големо влијание.

2. Опколете се себеси со луѓе кои ве предизвикуваат

Треба да се внимава со кого се поминува времето, односно луѓето со кои сте поврзани ви влијаат и ве насочуваат, па затоа треба да се избира внимателно.

3. Верувајте дека светот се подобрува и може уште повеќе да се подобри

Иако не изгледа така, Гејтс сака да ги потсети луѓето дека светот е најдобар до сега. Но, прогресот е важен и сите треба да сакаат да дадат свој придонес, а се разбира и да веруваат дека проблемите можат и ќе се решат.

4. Оптимизмот може да ве однесе далеку

Оптимизмот доведува до акција, смета Гејтс.

5. Имајте свои убедувања, но секогаш бидете љубопитни

Гејтс се смета себеси за ученик. Чита по 50 книги годишно. Тој смета дека секогаш треба да се преиспитуваме и да се трудиме да бидеме подобри.

6. Размислете за нееднаквостите во светот

Гејтс советува да се биде свесен за реалноста и сето она што се случува во светот, па следствено на тоа, да се мисли и на начините за решавање на проблемите. Посебно сега во модерно време, со развојот на технологијата.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот