X
 14.12.2017 Наука

Пронајдени крлежи стари 99 милиони години заробени во килибар

На многумина им е позната приказната од „Парот Јура“, филм базиран според серија на книги, а режиран од Стивен Спиберг во 90-те. ДНК од комарец заробен во килибар беше користена за да се оживеат диносауруси, а потоа започна хаосот.

фото извор: Composition by R. Pérez de la Fuente

Нови резултати од детална студија на 99 милиони стара фосилна смола од дрво, имаат сличности со споменатата приказна.

Научници од Шпанскиот геолошки центар, испитувале примерок на паразити слични со модерните крлежи, кои се закопани во парчиња килибар од Мијанмар, а потекнуваат од Мезозојска ера. Еден од паразитите бил во перја кои припаѓале на пердувест диносаурус. Тоа е доказ дека крлежите ги „напаѓале“ диносаурусите, сметаат научниците.

Друго откритие од истражувањето вклучува и огромен крлеж, 8 пати поголем од вообичаената големина, за кој истражувачите веруваат дека бил полн со крв кога умрел, како и 2 други крлежи кои најверојатно биле заробени во смола додека се движеле околу гнездото на диносаурусот. Тие се членови на истребени видови наречени „Ужасните крлежи на Дракула“.

Сепак, научниците се далеку од креирање сценарио како во „Паркот Јура“, бидејќи како што истакнуваат, не е лесно да се претвори ДНК од диносаурус во живо битие, бидејќи дури и со стара ДНК, нема на располагање јајце клетка, која би се користела за развивање на ембрион.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука