X
 21.12.2017 Образование

Турците го одбележуваат Денот на настава на турски јазик

Турците во Македонија денеска го одбележуваат 21 Декември, Денот на настава на турски јазик. Воедно, овој ден е неработен ден за граѓаните-припадници на турската заедница во земјава.



Македонските Турци се трета народност и второ етничко малцинство по големина во Македонија. Во пописот во 2002 година, во Македонија како етнички Турци се изјасниле 77.959 граѓани или приближно 4 отсто од вкупното население. Турците во Македонија се признато и полноправно малцинство. Единствената нивна религија е исламот, а Денот на наставата на турски јазик e народен празник на Турците во земјава.

Повеќе од 77.000 Турци во Македонија зборуваат турски јазик на посебен и единствен македонски акцент. Турците сочинуваат околу 12 отсто од населението во Македонија со исламска вероисповед. Во одредени македонски основни училишта во чија околина има мнозинство турци има часови на турски јазик, но според закон наставата се држи со македонски учебници.

Настава на турски јазик се држи и во приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Турците се полноправни граѓани во Македонија, имаат радио и телевизиски канал во кој програмата се емитува единствено на турски јазик. Исто така Македонската телевизија емитува секој ден неколку часови со програма на турски јазик.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование