X
 30.12.2017 Живот

Депресивни изговори за 2018 година да ја дочекате дома

nova godina

Каде ќе ja дочекате Новата година? Се чини дека оваа година ова стана најнепристојното прашање.

Се ближи моментот кога ќе ја оставиме старата година зад нас и ќе ѝ посакаме добредојде на новата.

Сите имаме некаков план, меѓутоа, се чини дека повеќето сакаат да ја поминат во домашна атмосфера. И кога човек ќе ве праша зошто дома, вие не знаете што да кажете. Затоа, ви нудиме неколку потенцијални изговори што би можеле да ја пополнат непријатната тишина.

Така што, прашањето е: „Каде ќе одиш за Нова година?“, а вие може да одговорите:

1. Дома, работам на 1 јануари прва смена.
2. Пред ТВ, имам серија за гледање.
3. В кревет, би сакал да ги пробам новите таблети за спиење. Ако огнометот на полноќ не ме разбуди, значи функционираат одлично.
4. Останувам дома, низ град не се случува ништо интересно.
5. Конечно имам доволно време да ги изгледам сите делови од „Хари Потер“.
6. Не одам никаде, дома ќе се најадам и ќе се наспијам како човек.
7. Ќе останам дома, во мрак. Не бев добра оваа година.
8. Спремам испит.
9. Не одам никаде, не сакам да пијам, на лекови сум.
10. Останувам дома, се солидаризирам со моите домашни миленици, кои седат под креветот истрауматизирани од петардите.
11. Дома, се договорив со неколку стари пријатели преку „Скајп“ да се дружиме бидејќи сите се некаде низ светот.
12. Го бојкотирам дочекот. Гледаш ли каде живееме?
13. Не одам никаде на дочек, штедам за на море.
14. Ќе бидам на компјутер, најдобрата журка е на „Фејсбук“.
15. Конечно ги вратив долговите, бидејќи не е добро да се почне годината со долгови, па за дочекот ќе седам дома.
16. Не сакам турбофолк, ќе останам дома.
17. Не постои ништо посмешно од новогодишната програма на домашните ТВ-станици, не планирам тоа да го пропуштам.
18. Ќе правам пижама-забава. Сам.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот