X
 17.01.2020 Образование

Учете германски јазик во современи училници, од дома или во движење – уписите во Гете-институт се во тек!

Корисна информација за сите што сакаат да го научат германскиот јазик и да студираат, работат или живеат во Германија е дека до 24.01.2020 година траат уписите во Гете-институт Скопје за возрасни и деца на сите нивоа: од А1 до С2. Новитет е можноста да го учите јазикот онлајн или комбинирано на места и во термини што вам ви одговараат.

За редовни, онлајн или комбинирани курсеви, Гете-институтот Скопје како интернационален лидер на пазарот за настава по германски јазик уште следните 7 дена врши уписи во зимскиот семестар. Изборот е на кандидатите, дали сакаат да го изучуваат јазикот во институтот или онлајн, а од Гете-институтот гарантираат брз успех во учењето со помош на висококвалификувани наставници, најмодерни наставни методи, постојана грижа и советување, како и систем на курсеви кој е признат во целиот свет.

Гете-институт Скопје ги нуди следните можности: курсеви по германски јазик за возрасни како општи јазични курсеви за нивоата А1-Ц2, редовни или интензивни, како и курсеви по германски јазик за деца и младинци помеѓу 5 и 16 години.

Доколку ви е потребна флексибилност при изучување на јазикот, Гете-институт ги препорачува и следните два видови курсеви:

Онлајн-курсеви - Преку курсевите од далечина на Гете-институт секој индивидуално одредува кога и каде сака да учи. Слушателите добиваат лична поддршка од својот инструктор, а професионално изработените материјали и независното учење преку интернет обезбедуваат брз напредок во совладувањето на германскиот јазик. Во овие рамки, Гете-институтот нуди и бесплатни пробни курсеви каде што можете да изберете помеѓу А1 ниво за почетници без претходно знаење, истото ниво за почетници со претходно знаење или А2 напредно ниво и да работете на оригинални активности од нашите курсеви.



Комбинирани или „Blended learning“ курсеви - На овие курсеви се обработуваат онлајн-наставни содржини, а слушателите присуствуваат и на групна настава во Гете-институтот. Комбинираната „Blended learning“ метода е идеална понуда за сите што сакаат брзо да учат, но имаат малку време за посетување групни курсеви и бараат флексибилност. Исто така, овој тип курсеви е добро приспособен за сите што живеат далеку од локацијата на институтот.

Потребен ви е сертификат кој е меѓународно признат? Планирате да студирате, работите или живеете во Германија. Јазичните сертификати на Гете-институт се признати во светски размери и се потребни како доказ за познавање на јазикот за вработување, како и за студирање, живеење или дозвола за престој во земјите од германското јазично подрачје.

Гете-институт речиси 70 години нуди најголем број курсеви по германски јазик на светско ниво. Околу 200 илјади слушатели секоја година учат германски јазик на сите нивоа во повеќе од 160 Гете-институти во странство, како и во 13 институти во Германија.

За повеќе информации посетете ја веб-страницата на Гете-институт Скопје: https://www.goethe.de/ins/mk/mk/spr/kur.html или контактирајте ги телефонски на 02 3121604; 071 216 121, како и на е-адреса: info-skopje@goethe.de


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование